Воспитување

Зошто е важен контактот лице в лице за децата, па макар и преку екран

Контактот лице в лице, дури и преку екран, ослободува многубројни невротрансмитери кои кај децата создаваат психолошка отпорност бидејќи овозможуваат ослободување на окситоцин – хормон одговорен за зголемување на довербата во другите луѓе и, од друга страна, за намалување на нивото на кортизол, што доведува до намалено чувство на тежина и намалување на агресивноста и нервозата. Тоа, со јакнење на психолошката отпорност, придонесува и за физичка отпорност – имунитет. Тоа го тврди Гордана Галетич, магистер по социјална педагогија и психотерапевт.

Иако сме во карантин, важно е дека животот и социјалните контакти за децата не престануваат. Низ игра, техники на опуштање, глума, танц и движење, ликовни активности, решавање проблеми, смеа, дискусија и забава, се поттикнува социо-емоционалниот, когнитивниот и моторичкиот развој, па и креативноста и снаоѓањето во различни предизвикувачки ситуации.

– Децата треба да научат како да се справат со секојдневниот стрес, да ја зајакнуваат самодовербата, да усвојуваат техники за опуштање што сега се особено важни – вели Гордана Галетич.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top