Еден млад човек, мислејќи дека неговите родители се премногу строги, а тој не сакал да живее според нивните правила, по расправија го напуштил семејниот дом и си заминал. Излегувајќи од домот, на родителите им рекол дека никогаш повеќе во животот не сака да ги види.
По многу поминати километри го нашол својот нов дом, запознал други луѓе и различни начини на живот, но набрзо почнале да му недостигаат родителите. Тој сфатил дека сè што му кажувале неговите родители е всушност корисно и добро за него. Повеќе од сè сакал да се врати во својот дом, но како по кажаните зборови? Враќајќи се во родниот град, тој ги замолил пријателите да го однесат писмото што го напишал до прагот на неговите родители. Во него, од нив побарал прошка. Во писмото прашал: „Ако ми простите, закачете бела крпа на старата јаболкница, па ќе разберам оти можам да влезам во куќата“.
Поради преголема возбуда, младиот човек не спиел цела ноќ. Решил да се прошета и да се упати кон семејната куќа. Одел по патот, но не видел јаболкница. Почнал да се приближува и здогледал големо дрво, чии гранки биле врзани со илјадници бели ленти. Родителите, од страв младиот човек да не не забележи една од лентите, цела ноќ врзувале ленти за сите гранки од дрвото. Сакале нивниот син да знае дека сè му е простено.
Оваа приказна всушност покажува колку труд е потребен за да се воспостави квалитетна, но вредна врска.
Дали односот помеѓу родителите и децата се регулира исклучиво со воспитувањето? Зошто децата се отуѓени од оние што ги создале и најмногу се грижеле за нив?
Џејмс Холис, американски аналитичар, изразил интересна гледна точка за причините зошто децата не ги почитуваат своите родители: „Вистинската природа на блиските односи зависи од односот што го имаме со самите себе. Начинот на кој се однесуваме кон себе, го одредува и квалитетот на нашите други врски“.

Можеби имате некои познајници кои немаат силна врска со децата. Таквите луѓе најчесто немаат силни пријателства, добри познанства, квалитетни насоки итн. Едноставно, нивната енергија ги одбива луѓето.
Тие имаат само површна комуникација со другите луѓе и водат таков живот. Таквите луѓе немаат подобар однос ниту со своите деца. Тука може да настане цела патологија на односите родител-дете, дете-родител. Древната мудрост вели: „Никој нема да се чувствува добро околу вас додека не се чувствувате добро сами со себе“.
Автор: Ѓорѓе Илиќ