Бруксизмот е медицински термин за чкрипење со забите или стискање на вилицата и не е невообичаен кај децата. Истражувањата покажуваат дека дури три од десет деца чкрипат со забите. Кај повеќето исчезнува самостојно.

– Бруксизмот во сонот кај децата не е толку ретка појава и е почеста во текот на ноќта отколку во текот на денот. Најчесто се јавува во периодот меѓу промена на млечните и трајните заби. Некои деца чкрипат само краток период, а повеќето престануваат кога ќе им излезат трајните заби – вели д-р Ивана Цекиќ.

Кои се причините за бруксизам?

Не постои само една јасна причина зошто се појавува бруксизмот. Во некои случаи, горните и долните заби не се правилно порамнети. Исто така, можно е помалите деца да чкрипат со забите поради болката предизвикана од растот на забите и со тоа да ги „масираат“ болните непца. Ако детето е болно, има проблеми со алергии, а и со самото тоа тешкотии со дишењето преку нос, може да се појави краткотрајно чкрипење на забите.

– Стресот има значајна улога и најчесто се поврзува со училишни или семејни проблеми, но и со други проблеми, на пр., хиперактивност. Децата навечер всушност ги доживуваат сите активности и настани што се случиле во текот на денот – објаснува стоматологот Ивана.

Дали има трајни последици?

Многу случаи на бруксизам остануваат незабележани, без штетни последици и се само причина за главоболки и болка во ушите кај другите членови на семејството. Понекогаш ноќното чкрипење со забите може да го оштети емајлот на забот, забите стануваат почувствителни на температурни промени, но исто така предизвикува и силна болка во вилицата на лицето.

Како знаете дали треба да одите на лекар?

– Ако како резултат на бруксизам има абење на забите или скратување на забната круна, проблемот не треба да се игнорира, туку треба да се контактира стоматолог за помош – советува Ивана Чекиќ.

Извор



912

X