Секој родител се сеќава на моментот кога првпат го видел своето новороденче и веројатно ќе потврди дека бебињата стари неколку минути не изгледаат како во холивудските филмови. Поради розовата или синкава кожа, чудниот облик на главата, телото прекриено со крв и бела слуз, изгледот на новороденчето би можело целосно да ве изненади.

Една од неочекуваните работи што ќе ги забележите кај новороденото бебе е – влакна по целото тело. Лануго се меки влакна кои се веќе на телото на фетусот, но и на новороденчињата. Ова се првите влакна што ги создаваат фоликулите, најчесто во 5-тиот месец од бременоста. Тие постепено се шират низ телото. По раѓањето, бебето има најмногу ситни влакна на рамената, грбот, челото и лицето, а тие паѓаат за неколку недели. Бебето повеќето ги „јаде“ во утробата и ги исфрла преку првата столица наречена мекониум.

Бебињата во утробата пливаат во плодовата вода, а како заштита се развива лак (заштитен слој како бела мрсна обвивка), кој заедно со влакната лануго ја штити кожата на бебето од ефектите на водата кај предвремено родените бебиња, како и по породувањето. Лануго влакната растат под влијание на хормоните, а имаат и заштитна функција и паѓаат набргу по раѓањето“, вели гинекологот Петра Подобник Брлечиќ.

Извор



912

X