Психолозите се обиделе да го објаснат овој феномен уште во седумдесеттите години на минатиот век и направиле тест со огледала. Истражувачите проучувале група деца на возраст меѓу 6 и 24 месеци, нацртале точка со кармин на нивните носиња, а потоа ги ставиле пред огледало. Бебињата реагирале на својот одраз во огледалото на различни начини:

Од 6 до 12 месеци – бебињата мислеле дека има друго бебе во огледалото и сакале да се дружат со него.

Од 13 до 24 месеци – не биле сигурни кое е бебето во огледалото и не можеле да го идентификуваат.

Од 20 до 24 месеци – во овој период бебињата препознаваат дека тие се во огледалото. Додека се гледаат во огледало, тие ја допираат црвената точка на карминот на носот наместо да го допираат огледалото, што значи дека ја разбираат врската меѓу себе и одразот во огледалото.

Станувајќи свесни за одразот, бебињата почнуваат да ја чувствуваат својата околина, а оваа врска помеѓу бебето и огледалото е почеток на важна врска. Ова се првите чекори за разбирање на себеси и нивната околина во прилично непредвидлив свет, а тоа е многу смирувачко за бебињата. Не само што бебињата го градат своето чувство за идентитет, туку огледалото им помага подобро да ги разберат нивните тела, да ги следат предметите, да го подобрат фокусот, да ја набљудуваат околината, па дури и во развојот на говорот додека гледаат како нивните усти се движат кога зборуваат.

Бебињата сакаат бебиња

Бебињата сакаат огледала и затоа што сакаат да комуницираат со други бебиња. Тие едноставно ги сакаат бебињата и звуците што ги прават другите бебиња и секогаш ги привлекуваат.

Професорката Линда Полка од Универзитетот „Мекгил“ го проучува однесувањето на децата и развојот на говорот. Таа потврдува дека бебињата најмногу ги сакаат другите бебиња.

„Дури и кога мајките имитираат други бебиња, бебето ги претпочита вистинските бебиња бидејќи тие звучат идентично на нив“, објаснила Линда.

Извор



912

X