Здравје

Зошто бебињата повраќаат по оброк?

Стручното име за повраќање на храната по оброк кај бебињата е регургитација. Регургитација или повраќање е исфрлање млеко, друга храна или плунка по оброк. Напнувањето не ја придружува оваа состојба и во повеќето случаи количината на вратена храна е мала, течна или засирена. Причините за регургитација можат да бидат различни.

Бебињата повраќаат кога се прејадуваат, во случај на играње по оброк, кога подригнуваат. Клучна причина за повраќањето е недоволно развиениот систем на органите за варење, поточно мускулот што ги поврзува желудникот и хранопроводот. Кај децата, поради неразвиеност на системот, мускулот не се затвора добро, а тоа е една од главните причини за враќање на храната. Ако бебето повраќа два или повеќе пати на ден, три или повеќе недели, но нема други симптоми како гадење, повраќање, губење на тежината или проблеми со хранењето, се верува дека страда од регургитација.

Секако, секое дете е посебно, затоа на секое дете му пристапуваме посебно.

Повраќањето е карактеристично за првите месеци од животот, а најчесто во периодот кога бебето јаде течна храна. Тоа би било до 4 или 6 месеци, во зависност од тоа кога бебето ќе се запознае со цврста храна. Цврстата храна потешко се враќа од желудникот во хранопроводот, па во устата, додека течната содржина секако полесно се пренесува на тој начин. Сепак, има деца кај кои повраќањето продолжува во помала мера.

Која е разликата помеѓу рефлукс и регургитација?

Рефлукс – се јавува кога млекото или храната се враќаат во хранопроводот од желудникот. Ова се нарекува „тивок рефлукс“ и може да биде проблем да се забележи бидејќи всушност не ја гледаме содржината на желудникот како се исфрла во устата.

Регургитација (класично повраќање) – повраќање заматено млеко се јавува кога млекото или храната патува од желудникот преку хранопроводот до устата, често токму на вашето рамо.

Кога најчесто се јавува регургитација кај бебињата:

  • Дигестивниот систем сѐ уште е во развојна фаза;
  • Почесто повраќаат предвреме родените бебиња (Причината за тоа е што дигестивниот систем кај предвреме родените бебиња е понезрел отколку кај бебињата родени во термин и секако потребно е време за да созрее);
  • Кога лежат на рамна површина, односно кога телото се става во хоризонтална положба, всушност, дополнително се овозможува содржината да се врати во хранопроводот, а потоа во устата. Од таа причина, пожелно е душекот малку да се подигне, така што детето да лежи под агол од, на пример, 45 степени, со што храната потешко се враќа во хранопроводот;
  • Храната што ја јадат бебињата е претежно течна;
  • Прекумерно количество млеко или храна – при еден оброк исто така може да предизвика проблем.

Понекогаш бебињата јадат малку полакомо и побрзо, особено ако мајката има многу млеко. Тоа може да се случи ако бебето зема храна и од шише. Ова е една од причините зошто треба да го провериме отворот на цуцлата, бидејќи ако е преголем, бебето ќе влече голема количина храна при секое цицање, а ако е мал, бебето ќе влече, нема да добива соодветна количина храна и брзо ќе се измори. Мора да се грижиме и за чинот на доење, за техниката на доење да биде соодветна, бидејќи доколку не се направи таканаречениот вакуум, може да се случи бебето да проголта големо количество воздух, што подоцна ќе предизвика подригнување и гасови во цревата.

  • Реакција на нешто што го содржи млекото. Регургитацијата понекогаш може да биде симптом на алергија на протеинот од кравјо млеко. Дефинитивно се препорачува посета кај избраниот педијатар, а потоа педијатриски гастроентеролог да утврди за што точно станува збор.

Симптомите обично се појавуваат во рок од три до дванаесет месеци. Фреквенцијата на симптомите се намалува со воведувањето на цврстата храна.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top