Воспитување

Знаци дека вашето дете се чувствува игнорирано – синдром на второ дете

Дали е тоа повик за помош? Мојот помлад син обезличи боенка која му беше дадена на неговиот постар брат како подарок пред неколку години. Боенката е наречена „Што сака Лијам да биде?“ и на секоја страница има илустрирана верзија од мојот постар син облечен како различен професионалец – научник, готвач итн. Мојот помал син го гребеше името на брат му на секоја страница и го пишуваше своето – Греам со големи букви. Моето второродено дете покажува такви емоции. Требаше да постапам поинаку бидејќи и јас сум второродено дете. Сигурна сум дека сум страдала од синдром на второ дете, што значи дека детето се чувствува игнорирано или добива помалку внимание поради неговиот брат или сестра. Ова се 3 работи на кои треба да се внимава за да се промени таа динамика на такво однесување и чувства:

Ниска самодоверба и љубомора

Тешко е да не се споредуваат децата кога толку многу нешта од животот се реплицираат од едното дете на другото. Играат со истите играчки, често ги имаат истите наставници и се занимаваат со истиот спорт. Но, помладото обично страда од ниска самодоверба поради споредувањето, но некогаш и постарите деца се чувствуваат неспособни поради подобрите способности на помладите во одредена активност која ја споделуваат. Како резултат на тоа, детето кое се чувствува игнорирано или недоволно способно се бунтува со обид да се издвои од братот или сестрата, или пак развива лутина кон нив. Може да се промени динамиката ако: намерно се вклучува детето во разговори преку прашување директни прашања упатени кон него, избегнување зборови кои подразбираат споредба, објаснување дека сите имаат некакви дарби, таленти и начини на кои учат. Шансите се дека детето кое се чувствува така веќе го знае тоа, но кога ќе ги слушне тие зборови од вас, тоа ќе му покаже дека и вие сте свесни за тоа и дел од притисокот што го чувствува ќе се намали.

Недостиг на насока

Согледувам дека недостигаат мотивација и иницијатива кај мојот син. Бидејќи родителите не ги потенцираат способностите на детето во секој момент, детето со „синдром на второ дете“ смета дека неговиот труд не вреди. Ова може да биде најтешкото нешто што родителите се обидуваат да го избегнат. Кога работите не се нови за вас, вообичаено не треба да посветувате многу енергија на нив. Завршувањето на одењето во градинка на вашето, на пример, четврто дете ви е значајно, но веќе ви е четврти пат. Сепак, за да ја промените динамиката: изберете некое парче „уметност“ кое го направило вашето дете и изложете го на видно место, одете на сладолед и разговарајте за начините на кои вие согледувате дека неговиот труд се исплати, поддржете негова идеја кога ќе изрази инспирација да се обиде со нешто, трудете се да ги покажете желбата и ентузијазмот да ја посветите истата енергија на секое дете.

Ниски очекувања за себеси

Мојата сестра отиде на колеџ надвор од државата. Моите родители ја притискаа да се вложи во тоа. Успеа 4 години, но не без борба и солзи. Кога дојде време јас да аплицирам за колеџ, родителите го променија ставот и не ме притискаа да одам надвор од државата. Не ја знаев причината за тоа тогаш, но мислев дека не можеа да се справат со тоа. Слично како на недостигот на насока, дете со синдром на второ дете може да има ниски очекувања за себе бидејќи не мисли дека некој го смета за доволно вредно за да се избори за нешто или да постигне.

За да се смени таа динамика на размислување: користете зборови за пофалба и охрабрување кои се уникатни во поглед на тоа дете, помагајте му да си поставува цели и прославувајте ги неговите успеси, зборувајте отворено со децата кога ќе бидат доволно возрасни за да разберат зошто сте различен родител за секое од нив. Избегнувајте да зборувате за вашите очекувања бидејќи тоа може да предизвика срам и разочарување кај нив, но зборувајте за нивните интереси и таленти и каде тие може да ги одведат.

Автор: Аби Ватс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top