Прочитајте за неколкуте начини на кои телото на вашето дете се обидува да покаже сензитивност на храна – и зошто е важно да се обрне внимание.

Мачнина и повраќање

Можеби изгледа дека детето каснало нешто расипано, или можеби не е лесно да ги дефинирате симптомите поради последниот стомачен вирус на детето, но сензитивноста на храна треба да се земе предвид ако почнете да забележувате рамка. Ако секојпат кога детето јаде јајца за појадок или млеко со житарици чувствува мачнина, тогаш вредно е тоа да му се спомене на педијатарот. Често чувствителноста на храна знае да покаже знаци на вознемирен стомак, а родителите може да не ја забележат поврзаноста помеѓу храната и симптомите додека циклусот не се повтори неколку пати. Ако забележите рамка на симптоми, обидете се со диета и забележувајте на што реагира детето и колку често. Потоа е важно да му се обратите на педијатарот и да му ги кажете тие информации.

Дијареја и болка во стомакот

Вообичаен знак за чувствителност на храна или нетолеранција е болка во стомакот и дијареја. Ваквите симптоми може да се помешаат кај различни болести, па родителите и во овој случај треба да забележат некаква рамка на повторување на симптомите. Најчеста е нетолеранцијата на млеко, а вообичаен симптом е зелена, лигава столица во која може да има и крв. Треба да се исклучат млечните производи од исхраната, а за мајките што дојат и мајчиното млеко, бидејќи протеинот на кој детето е чувствително се лачи и преку мајчиното млеко.

Проблеми во однесувањето

Некои деца покажуваат негативни промени во однесувањето откако ќе изедат некои видови храна на кои покажуваат нетолеранција, на пример, глутен, млечни производи и слично. Ако забележите дека секојпат вашето дете станува агресивно или иритирано кога ќе изеде одреден вид храна што содржи бои, тогаш можеби детето е нетолерантно на вештачки прехранбени бои. За да тестирате дали навистина е така, отфрлете ја таквата храна од исхраната на детето.

Астматични напади

Помалку позната реакција на нетолеранција на храна се напади на астма, особено кај оние со чувствителност на сулфити. Сулфитите често се додаваат во процесирана храна, како чипс, сушено овошје и печени производи. Ако забележите дека детето почнува да кашла или има тешкотии при дишењето откако ги јадело своите омилени грицки, погледнете ги состојките на пакувањето. Повеќето напади започнуваат со стегање во градите, а потоа тешкотии при дишење и недостиг на воздух додека се кашла. Веднаш треба да се обратите на лекар, бидејќи нетолеранцијата може да биде и живото-загрозувачка.

Главоболки

Чувствителноста на храна може да предизвика главоболки кај децата, како резултат на воспалителен процес во телото, а важно е родителите да бидат свесни дека храната може да е потенцијален предизвикувач. Како и секој друг симптом, треба да забележите дали има рамка на појава на симптоми и поврзаност помеѓу главоболките и видот на храна што ја консумира детето. Кој било вид главоболка треба да му се спомене на лекарот кога се работи за деца, бидејќи многу состојби може да бидат изворот на проблемот.

Нетолеранција на храна наспроти алергии

Може да биде тешко за родителите да идентификуваат дали нивното дете страда од алергија на храна или чувствителност. Сигурен начин да се дознае разликата е преку тестирање на крвта и кожата, со што ќе се утврди за што станува збор. Резултатите за алергија преку крв обично нема да бидат достапни една или две недели, додека тестовите што се прават на кожата се видливи веднаш, бидејќи се поставува серум од „ризичната“ храна на кожата и се гледа како реагира. Ако се појави, на пример, надуеност, тогаш тоа значи дека постои алергија. Можно е резултатите и да се лажни, па важно е да се дискутираат со лекарот за да се одреди дали детето навистина има алергиска реакција или чувствителност кон одреден вид храна.

Родителите секогаш да внимаваат на исхраната на детето

Иако многу алергии или нетолеранција на храна ќе се прикажат со симптоми во раната фаза од животот на детето, сепак, можно е да се појават во кое било време. Родителите секогаш треба да бидат свесни и да внимаваат на исхраната на детето, како и на реакциите на неговото тело. Кога се сомневаат, треба секогаш да разговараат со здравствен работник, па ако чувствителноста се зголемува со текот на времето, да се преземат мерки. Како потсетник, ако се прашувате која е разликата помеѓу чувствителноста на храна и алергиите, чувствителноста генерално се прикажува преку гастроинтестинални и проблеми во однесувањето, додека алергиите влијаат не само врз дигестивниот тракт, туку врз целото тело. Симптомите од алергиите на храна вклучуваат болка во стомакот, повраќање, чешање, проблеми во дишењето, отекување на устата и грлото, иритации на кожата. Но, и двете состојби бараат третман и дијагноза, па затоа кога се сомневате за што било од горенаведеното, најдобро е да се обратите на лекар.

Автор: Џен Бабакан



912

X