Проблемите во учењето се карактеризираат и како проблеми со читање, пишување, слушање, логички задачи (соодветни за возраста, се разбира) и математика. Детето може да има некои од горенаведените проблеми, но не сите, и важно е родителите да имаат на ум дека тоа не значи дека нивното дете е мрзливо и одбива да учи – важно е да се направи разлика помеѓу овие две работи.

Проблемите со учењето најчесто се забележуваат околу петтата година, кога детето оди на училиште, поточно во градинка или предучилишна установа.

Знаци дека детето има проблеми во учењето:

– Детето има проблем да разбере и да следи одредени дадени задачи или упатства;

– Детето има проблем да прифати и да запомни нешто што тукушто му било кажано;

– Се јавуваат проблеми во совладувањето на основите за читање, пишување, правопис или математички вештини;

– Детето има проблеми да разликува лево и десно, да препознава зборови и слично. Можеби има тенденција да пишува букви и бројки наназад;

– Тешкотии во координацијата може да се појават и додека детето оди, спортува, па дури и додека се облекува или врзува врвки од чевли;

– Има тешкотии во организирањето на книгите, тетратките и други училишни работи;

– Детето има проблем да се ориентира во времето.

Доколку детето има еден или повеќе од наведените знаци карактеристични за проблеми со учењето, најдобро е да разговарате за тоа со наставникот на вашето дете и потоа да побарате стручна помош.

Ако детето има еден или повеќе од горенаведените знаци кои се карактеристични за проблеми со учењето, најдобро е да разговарате за тоа со наставникот на вашето дете и потоа да побарате стручна помош.

Занемарувањето на проблемите во учењето може да му создаде поголеми проблеми на детето, па затоа е подобро да се работи на нив навреме. Имајте на ум дека само експерт може со сигурност да процени дали детето навистина има проблем со учењето или можеби страда од некои нарушувања како дислексија, хиперактивност и слично.

Извор



912

X