Здравје

Знаци дека детето има оштетен слух

Доколку се сомневате дека вашето бебе или дете слабо слуша, пред да се обратите на лекар проверете дали ги има овие симптоми.
Бебињата почнуваат да слушаат и да препознаваат ритам и мелодија на гласови неколку месеци по раѓањето. Кога им се обраќаме, тие ни одговараат со некоја форма на гугање. Но, доколку не се третира навреме, инфекцијата на увото може да има катастрофални последици врз слухот и говорот на бебето.
Тоа влијае врз неговото школување, едукација, кариера и квалитетот на животот. Овие факти ни еден родител не треба да ги сфати несериозно. Ситните детали во комуникацијата може да ви помогнат да ги забележите првите знаци на губење на слухот кај вашето дете. Ако сте загрижени во врска со развојот на вашето дете, однесете го на доктор и проверете го слухот.

Како најчесто реагира доенчето/бебето со нормален слух?

Новороденчињата/бебињата најчесто се плашат и потресуваат на ненадејни и гласни звуци. Понекогаш дури и ја вртат главата во правецот од каде што доаѓа звукот.

Бебиња на два месеца – слухот се подобрува. Сега можат да разликуваат звуци со различен тон и интензитет.

Бебиња на три до четири месеци – почнуваат да го препознаваат гласот на родителот и може да ги изговорат согласките М, К, Г, П, и Б и некои самогласки.

Бебиња на пет до шест месеци – неразбирливите звуци почнуваат да личат на зборови.

Бебиња на осум до девет месеци – почнуваат да изговараат едноставни зборови, како мама, баба и слично. Секако, бебето сѐ уште не знае што значат зборовите.

Евалуација на слухот

Можно е на вашето бебе да му е потребна евалуација на слухот ако:
– Скринингот на слухот укажува на можен проблем;
– Воопшто не сте направиле скрининг на ушите;
– Бебето не реагира нормално на звукот;

Вашето бебе или дете треба да оди на евалуација на слухот ако:
– Не реагира на она што му го зборувате или воопшто не разбира дека му се обраќате;
– Бара од вас да го повторите тоа што веќе сте го кажале (постаро дете);
– Гледа лево и десно за да открие од каде доаѓа вашиот глас или каковбило друг звук;
– Почнува да зборува подоцна во споредба со другите деца на истата возраст;
– Тешко му е да препознае еден глас кога повеќе луѓе зборуваат;
– Не слуша брзи или слаби/тивки звуци;
– Постигнува полоши резултати во училиште.

На детето на која било возраст му е потребна целосна евалуација на слухот ако:
– Ви вели да го повторите она што веќе сте го кажале (постаро дете);
– Имало болест што може да предизвика губење на слухот;
– На детето му е дијагностицирана болест што понекогаш вклучува недостиг на слух;
– Примило медицинска терапија која како контраефект може да предизвика губење на слухот;
– Имате некој во семејството што има проблем со слухот.

Вообичаено однесување на децата што не слушаат добро:

Тажни се – бидејќи не разбираат што зборуваат луѓето околу нив;
Лути се и фрустрирани – затоа што не слушаат и не можат да комуницираат;
Срамежливи се – особено во присуство на непознати личности бидејќи не ги разбираат што зборуваат;
Тивки се и повлечени на училиште – не го разбираат наставникот и не можат да следат инструкции (важи и за воспитувачите во градинка);
Преуморни се – затоа што се напрегаат да ги слушаат другите и со тоа трошат многу енергија.
Лошо се однесуваат – понекогаш проблемите со однесувањето може да имаат врска со губењето на слухот. Фрустрацијата што детето ја чувствува поради губењето на слухот може да биде двигател на лошото однесување;
Недостиг на самодоверба – врсниците на детето може да мислат дека тоа има попреченост  бидејќи пропуштило некои информации и не може да ги следи активностите. Како резултат на тоа, детето почнува да верува дека не е способно да ги прави истите работи како и неговите врсници.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top