Уште од најрана возраст на детето родителите бараат какви било знаци кои може да укажуваат на неговите извонредни способности или компетенции. Како што објаснуваат психолозите, одличните оценки или завидните резултати на тестовите не се нужно показатели дека детето е интелигентно.

Иако не постои единствена формула за идентификување на натпросечно интелигентно дете, тие веруваат дека постојат одредени карактеристики кои може да укажуваат на тоа дека детето можеби е поинтелигентно од неговите врсници. Тоа го подразбира следново:

-рана способност за читање, учење и брзо разбирање на работите
-интензивна преокупација со теми кои не се типични за малите деца
-одлично запазување на деталите
-голема љубопитност и тенденција за поставување прашања
-способност за апстрактно размислување со покажување знаци на креативност и инвентивност
-ран развој на моторичките вештини (на пример, рамнотежа, координација и движење)
-рана употреба на напреден вокабулар
-одлично помнење различни информации
-самостојност, самодоверба и одговорност во извршувањето на задачите
-способност за согледување на ситуациите од различни перспективи и истражување на алтернативни.

Извор



912

X