Воспитување

Живот по децата постои и не е толку лош

„Животот по децата“ е филм во режија на Синди Чупак, а заснован на романот „Што и да ве прави среќни“ од Вилијам Сатклиф, кој сите треба да го гледаме. Причината е очигледна: таа комедија со Анџела Басет, Патриша Аркет и Фелисити Хофман е за нас и нашата улога како мајки.

Како ни е кога имаме чувство дека таа задача што со право е наша ќе заврши со свеста дека на нашите деца, сега пораснати, со своја работа, семејства и нов живот, повеќе не им требаме. Тој филм раскажува за тоа како се чувствуваме дезориентирани и изгубени, а понекогаш дури и напуштени, без таа референтна точка во која прераснале нашите деца.


Не значи дека тоа всушност се случува, имајте го тоа предвид. Затоа што и покрај физичките и географските растојанија, таа силна и вечна врска постои и секогаш ќе ја има. Но, животот по децата, оној на празното гнездо, на носталгијата и недостатоците, е нешто со кое сите треба да се справиме порано или подоцна.

И тоа е моментот кога ќе се соочиме со нешто што сме го заборавиле и закопале, а тоа е дека сме жени. Животот по децата може да се претвори во време на повторно раѓање и свесност. Но, ова всушност може да се случи и порано.


Мајчинството е едно од најкомплексните, најинтензивните, најнапорните и најсреќните искуства во нашиот живот. Заморот и жртвите се наградени со присуството на нашите деца, нивните прегратки и насмевки. Целото наше постоење им го посветуваме, да ги научиме за светот, па еден ден да научат и самите да се соочуваат со него. И нормално е дека во одреден момент се прашуваме што ќе остане од нас без нив. Без најубавиот и најважниот дел од нас. Но, „ништо“ не е точниот одговор.


Да се живее мајчинството со свесност дека децата се приоритет е нешто што сите го правиме, но ако ги сметаме за единствена цел на нашето постоење – тогаш тоа е погрешно. И тоа е надвор од современите и феминистички размислувања за улогата на жените кои повеќе не се само ангел на домашното огниште, како што сакало општеството.

Се разбира, работата и кариерата се дистракција од таа празна куќа, но има и амбиции, страсти, пријателства и врски што треба да ги негувате. И тешко е да помислиме повторно дека одвојувањето време за себе ќе нè направи лоши мајки. Исто така, што ако целиот живот го посветиме само и исклучиво на нашите деца, што ќе остане од нас кога тие ќе пораснат и ќе тргнат по својот пат?

Стравот ќе нè претвори во очајни луѓе, ќе имаме чувство дека сме напуштени. Затоа што ќе ни изгледа природна желбата да им кажеме на нашите деца дека им го посветивме целиот живот кога ќе се побунат против нас. Но, грубиот одговор: „Кој те натера да го направиш тоа“, ќе нè демне. Значи, еве ја казната за откажување од сè. Ако сте се посветиле исклучиво на своите деца со напуштање на работните места, откажување од амбициите и оставање на страстите да изумрат. Затвор од спомени, жалење и носталгија од која е тешко да се избега, но не и невозможно.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top