Деца.мк во соработка со Kaspersky ви ги пренесува искуствата на нашите познати личности и начинот како тие се справуваат и соочуваат со безбедноста на нивните деца на интернет. Телевизиската водителка Живкица Каленикова, мајка на три деца, вели дека таа сè уште е главната личност што одредува што и каде може да се гледа

Родителите треба да се замислат ако децата станат зависни од дигитална технологија и ако пораснат не знаејќи како да си го исполнат времето ако немаат при рака таблет, телефон, ајпад или плејстејшн, вели телевизиската водителка Живкица Каленикова, автор на актуелната емисија „Тунел“. Таа е мајка на Даријан (7), Марко (5) и Ана (4). Следејќи го новото време, таа и нејзиниот сопруг не можат сосема да ги изолираат децата од современата технологија, но користењето е ограничено. Поважно е да имаат детство како нивните родители.

Живкица Каленикова: Се обидувам да држам некаков баланс

– Технологијата оди напред, ни се менуваат животите. Сакале или не, повеќе или помалку. Се обидувам да држам некаков баланс, барем додека сè уште се на оваа возраст. Не е неопходно да бидат преокупирани со таблети, технолошки нови помагала. Важно е да им биде исполнет денот и да имаат интересно детство. Гледам колку што е можно повеќе да бидат надвор, да си играат со другарчињата. Гледаат цртани филмови, но на телевизор. Некако таблетот во последно време е често исклучен. Децата брзо се врзуваат за сите тие играчки и ги забораваат оние вистинските со кои ние сме растеле – раскажува Каленикова.

Гледам да растат како што растевме ние

Навраќајќи се на онаа изрека на старите – ѓаволот ја однел шегата, таа им ги тргнала настрана сите уреди. Кога децата не ги гледаат, помалку ги бараат.
– Па велиме дека батеријата е испразнета, здравје, другпат ќе гледате. Таблетот го користиме како нужно зло кога одиме на подолги патувања. Во автомобил и мора нешто да се прави. Ќе играме, сè ќе правиме, но со нешто мора да се пополни времето. А патуваме често, па им дозволувам да поиграат. Се разбира, кога сме дома, достапни им се во периоди кога немаат училишни обврски или други активности. Имаат тренинзи, гледам да живеат приближно како што растевме и живеевме ние кога бевме деца – раскажува таа.

Живкица со Даријан, Марко и Ана на едно од семејните патувања

Даријан, Марко и Ана имаат пристап до интернет, кога нешто гледаат на „Јутјуб“, во попладневните часови. Имаат повеќе активности, тренираат триатлон, посетуваат часови по англиски јазик.
– Кога ќе заврши сè, може нешто да погледнат или некое филмче, па почнуваат подготовките за спиење. Сакајќи или не, веројатно ние, родителите, ги навлекуваме децата. Од нас почнува сè. Веројатно колку ние ќе дозволиме, толку ќе бидат врзани и со интернет и со технички помагала. Треба да се запрашаме самите дали и колку им го дозволуваме тоа. Вината треба да си ја бараме кај нас ако децата (условно речено) подоцна станат зависници од тие помагала и нема да знаат да си го исполнат времето ако немаат при рака таблет, телефон, ајпад или плејстејшн – децидна е Каленикова.

Треба да бидеме сериозно будни околу децата

На прашањето дали ги начекала да гледаат содржини кои не се за нивна возраст, таа одговара дека забележала кога се во друштво со деца, го гледаат тоа што го гледаат и другите.
– Сфаќате дека на интернет навистина има многу зла и сето тоа им е достапно и можат да го видат. Во последно време ми е шокантна играта Granny, која сигурно остава подлабоки последици во растот и развојот на децата отколку што ние мислиме. Веројатно многу родители слушнале и виделе. Дете многу лесно се навлекува на тоа што игра и прави друго дете, а е поразлично од неговото опкружување. Мислам дека навистина треба да бидеме сериозно будни околу децата, што и колку гледаат или играат на интернет – вели познатата водителка.

Веројатно ќе бидам дежурен набљудувач, вели Каленикова

Во нивото семејство не се користи некој специфичен софтвер за заштита на децата од несакани содржини на интернет.
– Има канали што се кодирани, сопругот повеќе се грижи околу технологијата, забрани и слично. Другото го следите. Мора да сте присутни. Моите деца сè уште се мали, па имам пристап до сè што прават. И сè уште сум главната личност која одредува што и каде може да се гледа. Се надевам дека и натаму нема да има проблеми, ќе бидам дежурен набљудувач – вели Каленикова.

Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на ИТ-безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.
Kaspersky Safe Kids е достапен на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството. Во моментов е актуeлна промоцијата BACK TO SCHOOL – го добивате гратис доколку купите еден од производите Kaspersky Anti Virus, Kaspersky Internet Security, Kaspersky Total Security – Multi-device, Kaspersky Internet Security for Android. Листата со локации на продажни места на Кабтел на кои можете да го набавите овој софтвер е достапна на следниот линк: http://kabtel.mk/kaspersky_network.php

ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?

Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн-заштита на децата при користењето мобилни уреди или компјутери.

Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца, вие ќе можете:

  • Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
  • Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/ забранети);
  • Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење мобилни уреди или компјутери;
  • Да ги следите објавите на „Фексбук“ во кои е споменато вашето дете и да ги гледате измените во листата со неговите пријатели.
  • Да добивате известувања за локацијата на вашето дете, како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
  • Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на Android уредите);
  • Да ги видите деталните извештаи за онлајн-активностите на вашето дете;

400 милиони корисници на глобално ниво!!!



912

X