Патот до бременоста за некои жени знае да биде долг и исцрпувачки. Многу жени се подготвени да пробаат сè за да забременат.

Кога навистина сакате да забремените, а едноставно не можете, тоа е болно, тешко, исцрпувачко патување за многу жени и нивните партнери. Кога ќе ги пробате сите докажани „рецепти“ и начини, а немате резултати, тогаш се одлучувате за буквално секоја можна опција што ви звучи прифатлива.

Неодамна на „Тик-ток“ се појавија објави со хаштагот #mucinexdpregnancy, а на видеата жени раскажуваат дека забремениле со помош на „муцинекс“, лек за настинка и кашлица. На хаштагот може да се најдат повеќе од 1.500 објави, а жените тврдат дека забремениле со помош на овој лек.

– Со години се обидував да забременам, па потоа се одлучив да пробам со „муцинекс“ и забременив – пишува една интернет-корисничка.

Голем дел од жените тврдат дека откако ги пиеле таблетите „муцинекс“ за време на нивните плодни денови, тоа им помогнало да забременат.

Гинекологот д-р Џесика Шеферд во емисијата „Добро утро, Америка“ зборува за овој тренд и се обидува да одговори на прашањето дали овој лек навистина дејствува.

@cassiemadams Idk what kind of magic are in those pills but here we are🤣🤰🏻#ttc #pregnant #mucinexdpregnancy #tryingtoconceive #pregnancyjourney #babyboy #17weekspregnant ♬ BAILEYS SOUND – Me!

Зошто би помогнал лекот?

Лекот „муцинекс“ ја содржи активната состојка гуаифенсин, која помага при назална конгестија поради слуз. Теоријата за употребата на „муцинекс“ како третман за тешкотиите при забременување е дека гуаифенинот може да помогне и во разредување на цервикалниот слуз, што му олеснува на сперматозоидот да стигне до јајце-клетката за време на оплодувањето, објаснува д-р Шеферд.

Но, нема истражување што би докажало дека овој лек би можел да помогне во подобрувањето на плодноста, вели докторката.

– Кога ги гледаме податоците и истражувањата направени за „муцинекс“ и плодноста, знаеме дека не го подобрува значително квалитетот на цервикалната слуз. Но, ова е нешто што жените можат сами да го испробаат, иако не постојат цврсти податоци што докажуваат дека значително ги зголемува нивните шанси за плодност – додава таа.

Истражувањето што е најблиску до оваа теорија беше објавено пред повеќе од 40 години, во 1982 година, во списанието наречено „Плодност и стерилност“. Во истражувањето во кое биле вклучени 40 пара во период од 10 месеци, жените земале 200 мг гуаифенин трипати на ден од петтиот ден од нивниот менструален циклус до овулацијата. Научниците проучувале како спермата се движи низ цервикалната слуз по употребата на лекот.

Од 40 пациенти, две третини покажале одредено подобрување во подвижноста на спермата. 15 од 40 жени останале бремени за време на истражувањето, иако нивната бременост не може да се припише само на гуаифенсин.

Поново истражување од 2010 година покажа докази за подобрување на бројот и подвижноста на сперматозоидите кај пациент откако земал 600 мг таблети гуаифенин двапати дневно во период од два месеца. Сепак, истражувачите велат дека не е јасно зошто пациентот имал подобрувања.

Што вели производителот?

„Рекит“, производителот на лекот „муцинекс“, издаде соопштение во кое се вели дека земањето на лекот за плодност се смета за употреба надвор од одобрението.

– Во „Рекит“ сме свесни за неодамнешната активност на социјалните медиуми околу „муцинекс“ и плодноста и разбираме зошто има зголемен интерес. Како глобален лидер во здравството и хигиената, важно е да разјасниме дека „муцинекс“ треба да се користи само како што е наменето и во согласност со упатствата на етикетата. Земањето на лекот за неплодност не е наведен во употребата – се вели во соопштението.

Д-р Шеферд нагласи дека е важно жените да разговараат со својот лекар ако се загрижени за неплодност, која се дефинира како неможност за зачнување по едногодишно обидување или по 6-месечно, на возраст од над 35 години.

Извор



912

X