На сите идни мајки им е јасна таа огромна желба и потреба за слатки работи, па затоа ги издвојуваме оние засладувачи што можат да ги користат без грижа на совест, како и оние што треба да се избегнуваат во бременоста.

Правилната исхрана во бременоста е голема борба за жената, со оглед на огромната потреба за слатки работи. Сепак, целосното избегнување на колачите не е потребно. Клучот е во избор на безбедни засладувачи кои може да ви помогнат да уживате, а притоа и да го намалите ризикот од држење диета во текот на бременоста.

Се разбира, познато е дека вишокот шеќер е лош за вашето здравје и спротивно на популарните уверувања, повеќето засладувачи се целосно безбедни за употреба во текот на бременоста, иако многу лекари и нутриционисти на своите пациенти им велат дека треба да ги избегнуваат.
Природните или нутритивните засладувачи како сахарозата (белиот шеќер), медот и фруктозата не се токсични, но го подигнуваат нивото на шеќер во крвта. Во некои случаи тоа може да доведе до зголемување на телесната маса во текот на бременоста. Кај жените со ризик од гестациски дијабетес, шеќерот и засладената храна можат да му наштетат на развојот на бебето. Исто така, шеќерот се смета за празни калории, бидејќи содржи многу мал број нутритиенти.

Шеќерните алкохоли, како малтитол и ксилитол, се калорични и богати, а покрај тоа имаат низок гликемиски индекс, па не го подигнуваат толку многу нивото на шеќер во крвта како другите засладувачи. Можат силно да влијаат врз желудникот и да предизвикаат дијареја ако претерано се консумираат, но тоа истовремено значи дека помагаат при запек. Стевијата, која исто така е безбедна за употреба во текот на бременоста, во себе нема калории.

Засладувачи што треба да се избегнуваат

* Кога зборуваме за вештачки засладувачи, задолжително избегнувајте ги сахаринот и цикламатот.
* Аспартамот не е препорачлив бидејќи во текот на истражувања на глувци се покажало дека влијае врз појавата на дефекти по раѓањето. Во истражувањата кај луѓето овој ефект не е потврден.
* Сукралозата и ацесулфамот исто така се покажале како безбедни.

Најдобро би било да избирате засладувачи со низок гликемиски индекс, или помалку калории во себе. Повеќето професионалци предлагаат умерено користење на сите видови засладувачи, па не може да дојде до претерана употреба на одреден вид.

Се разбира, секогаш е најдобро да се користат природни засладувачи. Засладувачите се наоѓаат насекаде, вклучително и во соковите, гумите за џвакање, печивата, јогуртот, колачите, чоколадото. Токму поради ова, секогаш читајте го составот на етикетата. Природниот овошен шеќер исто така може да се употребува за засладување на храната. На пример, користете црвено овошје, јаболка, праски, наместо дополнителни шеќери.
Шеќерните алкохоли (полиоли), како ксилитол, сорбитол, малитол, природно се наоѓаат во овошјето, но многу често се произведуваат и вештачки. Тие се препорачливи за употреба кај дијабетичари бидејќи не го поткреваат нивото на шеќер во крвта.

Природни шеќери

* Сахароза (бел шеќер) се добива од шеќерна репка или шеќерна трска преку рафинирање кое ги отстранува нечистотиите (и нутритиентите) од растението.
* Фруктоза (овошен шеќер) содржи иста количина килоџули како и сахарозата, но двојно е послатка, па се користи во значително помала количина.
* Гликозата е најпрост од сите шеќери и има висок гликемиски индекс. Не е препорачлива за лица што имаат проблем со покачен шеќер и инсулин, но е добро дополнение на енергијата при зголемен физички напор.
* Медот е шеќер кој настанува со спојување на гликоза, сахароза и фруктоза, формиран со помош на ензимот од нектарот. Брзо го ослободува шеќерот и има само траги на минерали и витамини, така што не се смета за здрав засладувач.
* Стевијата е слатко растение кое расте во некои делови од Парагвај и Бразил. Содржи стевиозиди, супстанции одговорни за високата сладост. Не содржи килоџули и многу е добра за готвење и печење.

Вештачки засладувачи што се користат

* Ацесулфам потасиум (К) се користи во многу продукти, а познат е по тоа што многу го засилува вкусот. Телото не го препознава, нема калории во себе. Многу малку го подига нивото на шеќер и инсулин во крвта.
* Аспартамот е околу 200 пати посладок од сахарозата, така што нема голема калориска вредност и не го подигнува нагло нивото на шеќер во крвта. Години наназад аспартамот е предмет на разни истражувања поради можноста да биде поврзан со разни заболувања, но науката досега не успеала да ја потврди таа теза.
* Сукралозата е шеќер со мал број калории и низок гликемиски индекс. Настанал со хемиски процес од белиот шеќер. Иако е направен од шеќер, организмот не го препознава како јаглехидрат и има низок гликемиски индекс.
*Сахарин – организмот не може да го уништи, така што нема инсулински одговор на него. Нема килоџули и е еден од најстарите вештачки засладувачи. Сепак, сѐ уште не е потврден како безбеден за употреба, особено не во бременоста.

 



912

X