Цревните паразити се инфекции кои секому може да му се случат, а се особено лоши за родителите кои ги забележуваат кај своите деца. Најпознати се „Enterobisu vermiculari“ и „Ascaris lunbricoide“. Првиот вид е познат како детски кружни црви бидејќи се смета за најчеста причина за паразитски инфекции кај децата.

Гастроендрологот Воислав Перишиќ за српската телевизија ТВ Прва објасни колку се чести кај децата и како се пренесуваат.

– Колективите често се расадник на пренесување на овој вид паразити, особено преку валкани раце доколку децата допираат храна која подоцна ја консумираат. Може да ги пренесат и на возрасните, но тие не се толку подложни на инфекции бидејќи повеќе внимаваат на хигиената во споредба со малите деца – објаснува докторот.

Според него, најчести паразити што се јавуваат кај децата се малите црви кои се видливи со око.

– Женките преку дигестивниот систем стигнуваат до анусот на децата, каде што ги несат јајцата. Тие изгледаат како бел конец и може да се видат во детската столица – вели Перишиќ.

– Доколку детето се жали на болка и непријатност во стомакот, немирен сон поради чешање во пределот на анусот и губење апетит, тогаш тоа се јасни симптоми за кои треба да одите кај педијатар. Преку анализа на столица за паразити или перианален брис, со сигурност може да се утврди дали детето има паразити или не – додава тој.

Перишиќ истакна дека терапијата против паразити трае околу седум дена, но напомена дека покрај стандардната терапија, треба да се даваат и посилни лекови за да се избегне реинфекција, односно враќање на паразитите во цревата.

На прашањето дали нефилтрираната вода и одредени овошја и зеленчуци можат да бидат опасни, тој изјави дека водата од регулираните водоводи е безбедна, додека изворската е опасна и има потенцијал да ги има овие видови паразити.

– Што се однесува до овошјето и зеленчукот, нема причина за грижа, паразитите се на површината и доволно е ако добро ги исплакнете со вода – вели д-р Перишиќ.

Извор



912

X