Секојдневно по навика поставувате прашања со надеж дека ќе дознаете како детето поминало на училиште, а одговорите вообичаено се кратки. И постојано се прашувате зошто вашето дете не сака да зборува за училиштето! А можеби е само проблемот во прашањата.

Сигурни сме дека ваквиот разговор ќе ви биде познат:

-Како беше на училиште?
-Добро.
-Што учевте денес?
-Ништо.
Со кого се дружеше?
-Со никого.

И така секој ден. Па, со текот на времето ви здосадува тој разговор и се откажувате од поставувањето прашања. И по некое време ви е жал што не знаете што се случува во училиштето, а потоа тоа станува нормално.

Сите знаеме дека е важно да бидете во тек со она што се случува, можеби не толку затоа што ве интересира што правело 8-годишното дете на одморот или какви лекции учело тој ден по природа и општеството, но факт е дека се прашувате што прави детето таму. Важно е да стекнете доверба и да ја одржувате комуникацијата со децата на одредено ниво. Важно е да останеме поврзани со децата, да знаеме што се случува кога не сме со нив. А можеби е само проблем во прашањата!

Значи, кои се вистинските прашања? Отворени прашања. И не, не мислиме на некои незгодни прашања, туку прашања кои почнуваат со „како“ или „зошто“. Таквите прашања обично бараат одговор подолг од еден збор.

Прашања за возрасни.

Не, повторно не зборуваме за незгодни прашања. Децата сакаат да се чувствуваат како возрасни, затоа поставете им прашање што можете да му го поставите на возрасен. Децата не сакаат да се чувствуваат дека нивниот одговор на прашање е само за забава на возрасните. Нема здодевни прашања. Ниту децата ниту возрасните не сакаат да зборуваат за себе ако им се поставуваат здодевни прашања.

Без испрашување.

Се обидувате да имате значаен разговор, а не квиз. Не прашувајте го вашето дете кој е претседател или кое животно е најбрзо. Без трикови. Детето нема да сака да зборува ако се чувствува како да е тестирано. На пример, прашувањето на детето „Зошто некои деца не ги слушаат своите родители?“ може да доведе до некои интересни одговори, но исто така може да направи детето да се чувствува како да му поставувате стапица.

Добри прашања!

Откако ќе видите какви резултати можете да постигнете со вакви прашања, ќе разберете колку значи вистинското прашање. Еве неколку конкретни прашања што можете да ги поставите, на пример, за време на семеен ручек или додека се возите во автомобилот. Кога ќе успеете со вакви прашања, со текот на времето ќе дознаете сè за училиштето од сосема неочекувано прашање, а можеби детето само ќе почувствува желба да ви каже што се случило.

-За што си особено возбуден овие денови?

-Што беше првото нешто што го помисли кога се разбуди денес?

-Што најмногу ти се допаѓа кај себе?

-Што е најдоброто нешто во твојот живот?

-Што знаеш да правиш и што сакаш да ги научиш другите?

-Што е најдоброто/најлошото нешто што ти се случило?

-На што најмногу се гордееш?

-Кога си тажен, што може да те орасположи?

-Кое правило ти е бесмислено, а треба да го почитуваш?

-Кој е најдобриот/најлошиот дел од твојот ден?

-Што најмногу очекуваш во моментов?

-За што си најмногу загрижен?

-Кога си најсреќен?

-Што најмногу сакаш да правиш кога сме сите заедно?

-Му помогна ли некому денес?

-Што те насмеа денес?

-Кој те разбира најдобро?

-Што е најдоброто во нашето семејство?

А потоа има прашања кои гарантирано ќе ги насмеат децата! Го знаете патот, кога најмалку очекуваат ги прашувате нешто што ќе им звучи сосема глупаво и едноставно не можат да не одговорат. Веќе можеме да ги видиме како се смеат и доаѓаат со одговори!

-Кога би можеле да јадете само една храна или оброк цела година, што би било тоа?

-Ако бевте суперхерој со една моќ, што ќе беше тоа?

-Кога би можеле да го смените вашето име, дали би го направиле тоа и кое би било тоа ново име?

-Ако некој од друга планета дојде на Земјата, што би помислил за Земјата?

-Дали повеќе би сакале да живеете во замок, на брод или на облак?

-Ако треба да закопате ковчег со богатство, каде би го закопале?

-Ако сте невидливи, каде би оделе и што би правеле?

Некои деца едноставно сакаат прашања кои малку повеќе ги стимулираат. За таквите деца треба да смислите малку поинакви прашања, а еве кои би можеле да бидат:

-Кога би можеле да бидете познати по една работа, што би било тоа?

-Што ќе правите за 10 години?

-Кое е вашето најрано сеќавање?

-Кога би можеле да промените една работа на себе, што би било тоа?

-Кога би требало да се опишете себеси со три збора, кои би биле тие?

-Кои три збора би ги употребиле за да го опишете вашето семејство?

-Кога би можеле да бидете лик од книга, кој би биле?

-Што би сакале да измислите?

-Кога би можел да бидеш најдобар на светот во нешто, што би било тоа?

-Кога би можел да се замениш со некого на еден ден, кој би бил тој?

-Која е најзабавната работа на светот?

-Што е најмудрото нешто што сте го слушнале од некого?

-Каде мислиш дека ќе живееш за 20 години?

-Каков ќе биде светот за 10 години?

-Што најмногу им се допаѓа на вашите пријатели кај вас?

Ако ви се чини дека нема доволно често да поставувате вакви прашања или мислите дека тоа ќе биде „сомнително“ за децата, направете сето тоа да биде игра. Напишете ги овие и слични прашања на картички што ќе ги испечатите, па наместо игра на табла, обидете се сите да учествувате во одговарањето на овие прашања. Можеби ќе ви биде бескрајна забава, а можеби и ќе ви стане редовно дружење, на пример, во петок навечер.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X