Во многу култури ликот кој ги наградува децата кога ќе им падне млечниот заб е всушност глушец. Во Франција е познат како Ла Петит сури, во Шпанија е Ратонсито Перез, а во Колумбија – Ел Ратон Мигелито…


Во Шпанија и во другите земји каде што се зборува шпански, како што се Перу, Мексико и Чиле, малата забна самовила добива облик на глушец, но улогата е слична. Детето го става млечниот заб на посебно место и подоцна наоѓа пари или слатки. Во некои земји децата ставаат заб во чаша вода „за жедниот Перез“, кој го зема забот, ја пие водата и остава подарок. Перез е многу омилен лик, до тој степен што во Мадрид постои детски музеј посветен на него.


На сличен начин како и во шпанската традиција, француските деца ги посетува „добро мало глувче“. Се верува дека локалната забна самовила е адаптирана од приказна од 17 век во која Ла Петит сури помага да се ослободи од злобниот крал, а потоа малото глувче продолжува да прави добри дела, па и денес собира изгубени детски заби и наместо тоа, остава подароци. Децата во Египет, пак, го следат примерот на многу други земји од Блискиот Исток: ги фрлаат млечните заби во воздух, кон небото, но претходно ги завиткуваат во марамче. Тие веруваат дека Сонцето ќе им врати поинаков заб и убава, здрава насмевка.

Забот го фрлаат во воздух и децата во некои азиски земји, но не секогаш. Ако испаднало од горната вилица, тогаш запчето се фрла во воздух, а ако е од долната, тогаш се фрла на подот. Додека млечниот заб лета (на подот или во воздухот), децата бараат да им се заменат забите со заби од глувчето (кои постојано растат).


Во Грција и во Мавританија децата не оставаат заб под перница, туку го фрлаат колку што можат посилно кон покривот на домот во кој живеат. Во Грција овој обичај им обезбедува среќа и силни нови заби. Во Мавританија имаат и мал додаток – ако петелот запее пред зори, тогаш детето може да го задржи забот за себе. Во Монголија, пак, кучињата се хранат со млечни заби. Вообичаено е да се завитка забот во месото и на тој начин да се нахрани миленикот, бидејќи на тој начин детето ќе има нови заби силни како на куче, кое без проблем ги јаде коските. Ако малото дете нема куче, тогаш го закопува забот под дрво за да добие заби што ќе имаат силни корени.

Во Јамајка на децата им велат дека ќе ги однесе теле ако не го стават забот во конзерва и силно не го затресат. Им објасниле дека бучавата го оддалечува телето од нив.

Малезиските деца имаат подуховен поглед на забите – ги закопуваат во земја бидејќи „тоа што некогаш било дел од телото мора да ѝ се врати на земјата“.


Во Турција родителите ги користат млечните заби на своите деца за да ги пренесат нивните очекувања. На пример, ако сакаат нивното дете да биде лекар, тогаш го закопуваат забот во близина на болница. Во Данска забната самовила се вика Тан Феен.

Во Хрватска луѓето полека преземаат некои странски обичаи, па многу родители оставаат пари под перниците на нивните деца во замена за забот кој им испаднал, но „тие не се навистина оние што го прават тоа“, туку забната самовила, која чека децата да заспијат и прави сѐ што треба, па тивко исчезнува.

Како настанала забната самовила?

Наводно доаѓа од Соединетите Американски Држави, каде што првпат се појавила во „Чикаго трибјун“ во 1908 година, но нејзината популарност почнала нагло да расте во 70-тите години. Нејзината задача била, и останува до ден-денес, да ги натера децата да спијат и да им го замени забот со некоја убава награда. Се разбира, децата брзо го прифатиле овој обичај и почнале нетрпеливо да чекаат да падне уште еден заб, па така сѐ додека сите не испаднат и не соберат убаво купче пари или други награди.

Овој обичај им олеснил на многу родители да објаснат зошто е важно децата да ги четкаат забите, особено кога ќе почнат да растат нови кои ќе траат цел живот, затоа што забната самовила никогаш не би сакала новите заби да се расипат. Се разбира, децата набрзо почнале да ги испрашуваат своите родители: Што прави забната самовила со толку многу заби?, и тука има неколку теории – ги претвора детските заби во самовилски прав, го гради својот замок со нив, ги чува затоа што се многу вредни, и така натаму…

Автор: Тина Кос

Извор



912

X