Помислата дека некој поминува дури и потешко од вас во справувањето со карантинот и рестриктивните мерки е брутална, но и смирувачка. Сите сме на истиот брод, обидувајќи се да ја преживееме пандемската бура во океанот каде што копното е видливо, но постојано како да ни бега од видик. А родителите со деца што учат на далечина се соочуваат со уште поголеми предизвици. По сè изгледа дека учењето од дома ќе потрае. Но, за среќа, на интернет се појавуваат различни мемиња кои се како еден вид систем за поддршка во овие тешки времиња. Како и да е, мемињата ќе ве потсетат низ што сè поминуваат родителите, но она што е најважно е дека ќе ве насмеат.

„Јас на дневниот зум-повик од моите деца, обидувајќи се да научам математика за второ одделение“.

„Ако ги видите моите деца оставени надвор денес, гледајте си ја својата работа. Имаме вежба за во случај на пожар“.

„Ова е Су. 31 година, нејзините деца учат од дома и таа им помага во последните 5 дена. Одлична работа Су. Само напред“.

За многу родители, балансирањето помеѓу родителството, домашните обврски, личниот живот и работата е навистина сериозна и тешка задача. А со постојаното менување на мерките, домаќинствата се на работ од здравиот разум. Мартин Вајтхед, директор за комуникации во „Асоцијацијата за учењето од дома“ во Калифорнија, споделува податоци за тоа како се справуваат семејствата со ваквиот начин на живот. Изгледа дека ситуацијата не е еднострана. Додека повеќето родители чувствуваат голема тежина на свој грб додека децата учат од дома, тие сепак ја гледаат едукацијата од дома како придобивка. „Слушам дека многу родители се под стрес, но многумина и се согласуваат со едукацијата на своите деца дома“.


Има многу фактори што влијаат врз чувствата на родителите за време на пандемијата. „Навистина зависи од тоа дали родителите работат и дали таа работа се одвива од дома или надвор, па дали се двајца родители, колкави се примањата на семејството, достапните ресурси итн“. Мартин вели дека не само што се справуваме со страшна болест, туку и економските и општествените ситуации се на ниво кое никогаш досега не е искусено, а дополнително родителите се одговорни и за едукација на своите деца – тоа е стресно.

„Брзо прашање за вас. Ако децата ви подготват мешан коктел – пијалак, ќе се смета ли тоа за хемија?“

„Тато, жената задолжена за ручек кажа некои навистина лоши работи денеска. Сине, твојата мајка е под голем стрес деновиве…“

„Децата следната година откако поминале толку време во учење од дома… Но, мама рече дека…“

Родителството за време на карантин не е исто како претходно. Мартин предлага да се намалат очекувањата и да се практикува учење и вежбање од дома кога тоа ќе биде соодветно за семејството. „Вечерните часови, викендите итн. И двајцата родители треба да вложат труд да се вклучат, па одговорноста да не биде само на мајката“, вели Мартин.

„Учењето од дома е вистински хаос. Му реков на син ми да се фокусира на неговата раперска кариера“.

Мартин препорачува сите родители да ги вклучат своите деца во завршувањето на домашните обврски соодветно на нивната возраст и способности. „За сите е потребно приспособување на очекувањата и да се биде реален за она што може да се постигне во текот на денот. Ова важи и за родителите, и за децата, и за наставниците. Со тоа, ќе се справиме и со стресот во ова тешко време“, заклучува Мартин.

За крај, уште едно меме за подобрување на расположението.

„Родителите ги поздравуваат наставниците кога училиштата повторно целосно ќе се отворат“.

Автор: Луција Адомаите и Илона Балиунаите

Извор



912

X