Иако е многу важно да им се извините на децата кога ќе погрешите, многу родители го избегнуваат тоа. Тоа се оние родители што веруваат дека така ќе го нарушат својот авторитет и сликата за непогрешливост која сакаат децата да ја имаат за нив. Мислат дека со признавањето на грешката ќе ја изгубат довербата кај детето, а признавањето дека погрешиле ја поткопува нивната веродостојност.

Но, со избегнувањето извинување кон децата родителите, всушност, им ја покажуваат сопствената неодговорност и неподготвеност да бидат праведни. Им покажуваат дека им е поважна сликата која му ја испраќаат на детето отколку самото дете.

Децата ја чувствуваат неправдата. Умеат да препознаат кога родителите грешат. И кога тоа не сакаат да го признаат, децата учат неодговорност, покажуваат суета и недостиг на чувство за правда. Од друга страна, кога децата ќе погрешат, од нив очекуваме и бараме извинување. Веруваме дека со извинувањата, макар и оние лажните, ќе научат да нѐ почитуваат нас, родителите, и дека ќе станат добри членови на општеството. Кога ќе излажат, кога ќе удрат другар, ќе земат играчка или ќе покажат непочитување. Од барањето за извинување, далеку е подобар начинот да им покажеме како тоа се прави така што нам нема да ни биде тешко самите да го изговориме тој збор.

Лажните и изнудените извинувања се како лажни прегратки – не му значат ниту на оној што ги дава ниту на оној што ги добива.

Тоа им овозможува да го земат предвид мислењето на другите, да преземат одговорност за своите постапки и да научат да го регулираат своето однесување.

Важноста на извинувањето за децата

За да се разбере важноста, да се сетиме на моментот од сите ситуации кога некој нѐ повредил, навредил или лажел, а за таквото однесување не сме добиле никакво извинување. Чувството е неубаво и што е уште полошо – обично остава неизбришлива трага врз односот со тоа лице. А тоа не го сакате во односот со своето дете. Покрај тоа, детето кое од членовите на семејството ретко или никогаш не слуша искрено извинување, на крајот ќе разбере дека:

-Да се биде во положба на моќ, значи никогаш да не се извинуваш.
-Луѓето го расипуваат односот и тоа е нормално. Нема потреба да се извинувате што некого сте повредиле.

Кога родителите да им се извинат на децата?

На ова прашање лесно е да се добие одговор – за секоја ситуација ставете се во позиција од детето. Возраста нема врска со тоа. Без разлика дали имате 2 или 52 години, заслужувате извинување секогаш кога некој е неправеден кон вас.

Ова се некои од ситуациите во кои треба да се извините:

-Кога сте дале ветување, а не сте го исполниле.
-Кога сте им викале. Ова е многу вообичаена ситуација. Кога се под стрес, возрасните ги губат нервите и го креваат гласот, иако не го сакаат тоа. Секогаш кога викате, извинете се.
-Кога се случило нешто неочекувано, па не сте можеле да поминете онолку време со нив колку што сте ветиле.
-Кога сте го игнорирале иако ви се обраќало.
-Кога сте биле неправедни, а тоа можеби не сте го забележале.
-Кога сте го излажале, макар тоа било за негово добро.

Како да му се извините на детето?

Способноста за правилно и ефикасно извинување кон детето бара и одредени вештини, чувствителност и интелигенција. Не е доволно само да се извините, мора тоа да го направите како што треба. Еве некои насоки.

Детето може да се чувствува лошо поради она што нам ни се чини безначајно. Не треба да се потценат детските емоции.

„Се извинувам бидејќи ветив дека ќе одиме во кино, а не отидовме. Обврските на мама се променија, па морав да останам подолго на работа. Сакав да го одржам ветувањето, но тоа не беше можно. Извини поради тоа“.

Важно е и да се извините штом ќе ја забележите својата грешка.

И последно, но не најмалку важно, мора да ветите дека ќе дадете сѐ од себе тоа да не се повтори. Кажувајќи им дека ќе го подобрите своето однесување и ќе водите грижа за нив бидејќи вие им го поставувате вистинскиот модел на однесување, всушност, им давате пример и ги поттикнувате да го прават истото.

Извор



912

X