Зголемена е цената за престој на дете во градинка во Кавадарци, се вели во известувањето објавено на веб-страницата на детската градинка „Рада Поцева“.

– ЈОУДГ „Рада Поцева”- Кавадарци, постапувајќи согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, известува дека износот за надоместок на трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите е зголемен и од сегашните 1.490 денари ќе изнесува 2.000 денари. Сметките за октомври 2022 ќе бидат пресметани по гореспоменатата одлука – пишува во известувањето.

Во известувањето од градинката се вели дека за децата што престојуваат во градинка, а се на самохрани родители, со еден жив родител, во целост има ослободување од плаќање на надоместок, за згрижување во градинката.

Во правилникот за утврдување на цените е запишано дека од надоместок за престој во градинка се ослободуваат и деца од семејство примател на социјална помош, но и дете на самохран родител, во случај кога не е позната судбината на вториот родител.

Извор: МИА



912

X