Прашајте го вашето дете како му поминал денот.

Кога децата влегуваат во секундарна социјализација, а тоа е одењето во градинка, а потоа и во училиште, родителите најмногу се загрижени за тоа како ќе се снајдат во новата средина.

Денеска има сѐ повеќе врсничко насилство и за среќа сѐ повеќе се зборува за тоа. Сепак, акцентот почесто е ставен на училишниот период, а факт е дека тоа може да се случи и во градинка. И иако е точно дека малтретирањето е почесто во вишите одделенија, родителите на малите деца треба да бидат свесни за знаците на малтретирање и кај оние што одат во градинка, како и што да прават ако нивното дете е сведок или жртва на истото.

Бидејќи малите деца сè уште ги развиваат емоционалните, когнитивните и социјалните вештини неопходни за решавање конфликти, како што се зборовите, смиреноста и стратегиите за решавање проблеми, тие прибегнуваат кон агресивно однесување како што е земањето играчка од некого, туркање или нарекување на други деца со непријатни имиња…

Малтретирањето, кое е карактеризирано со намерата да се повреди некој, предизвикано од нерамнотежа на моќта, се разликува од општата агресија. На оваа возраст децата може да имитираат нешто што го виделе кај нивниот постар брат или сестра, или пак она што го виделе на ТВ.

Постојат два вида малтретирање: физичко, кое вклучува удирање, клоцање, одземање нешто, како и релациско, односно социјално, кое вклучува исклучување на некого, ширење озборувања за него или исмејување.

Вообичаени знаци на злоупотреба се:

-Промена во однесувањето
-Губење на апетитот
-Изгубен предмет кој детето го поседува или искината облека
-Губење на желбата да се оди на училиште
-Регресија (како мокрење во кревет)
-Тага
-Анксиозност од разделување
-Проблеми со спиењето
-Болка во стомакот
-Проблеми со браќата и сестрите (некарактеристични тепачки, агресија)

Прашајте го вашето дете како му поминал денот

Најдете време да се поврзете со вашето дете секој ден, без разлика дали тоа е за време на семејната вечера или пред спиење и прашајте го за неговиот ден. Поставувајте конкретни прашања кои ќе ви дадат повеќе од одговор кој подразбира само „да“ или „не“, на пример: „Со кого играше денес на одмор?“ или „Кој дел од денот ти беше најубав?“

Побарајте од училиштето на вашето дете да вклучи превенција од малтретирање во својата наставна програма

Дури и во градинка, наставниците можат да зборуваат за тоа што е малтретирање, како изгледа и што можат да направат децата ако го видат или ако им се случи на нив самите.

Бидете свесни за вашето однесување – погледнете како се справувате со конфликтите или проблемите дома и на друго место. Дали ги третирате другите со почит и љубезност? Дали некогаш сте исмејувале некого пред вашето дете? Вашето однесување е модел преку кој вашето дете ќе научи како да се однесува кон другите.

Не минимизирајте го она што го кажува вашето дете

Ако некој постојано прави вашето дете да се чувствува повредено или исплашено, слушајте го што зборува. И реагирајте.

Игра со улоги

Побарајте од детето да размисли како би реагирало ако нешто се случи, на пример – ако некој постојано кажува или прави злобни работи што ги повредуваат неговите чувства. Потсетете го на ситуации за кои можеби сте читале во книга, или сте ги гледале во филм и разговарајте за тоа што било, а што не било добро однесување.

Работете на вештините за самозастапување

Дајте му на вашето дете алатки кои ќе ги користи ако некој го малтретира. Научете го како да се брани, но не од жртва на насилство самото да стане насилник. Научете го на смиреност, на обраќање кон наставникот и кон вас кога за тоа има потреба, како и на вербална одбрана.

Извор



912

X