Деновите беа долги, а долги беа и годините. Наутро ја полнев чинијата со житарки, додека мајка ми разговараше на телефон со соседите, стоејќи во близина на ѕидот до каде што стигнуваше кабелот од фиксниот телефон.
Викаше по мене додека излегував надвор со другарчињата: – Остани некаде каде што можам да те најдам!
Мислеше некаде во соседството, во радиус од најмалку четири улици и можеби 30 куќи. Воопшто не беше загрижена. Знаеше дека некој од соседите ќе ни направи сендвич и во одреден момент, иако удрена на колената, ќе успеам да стигнам до дома куцајќи.
90-тите беа поинакво време за воспитување. Не беше сè совршено, и на некој начин беше многу полошо. Пиевме многу сокови и јадевме многу помалку бобинки. Дефинитивно никогаш не сме слушнале за тестенини од наут. Но, исто така, немавме телефони на кои им беа потребни безбедносни поставки или кампови за кодирање што ги уништуваа нашите лета. Наместо тоа, игравме на отворено и имавме бескрајни слободни денови.
И оваа година се обидувам да насочам малку од таа енергија од 90-тите во моето родителство, овде во 2022 година. Еве ги лекциите што се обидувам да ги применам, добиени од сеќавањето на напорите на моите родители во минатото.
Одложеното задоволување (и незамисливиот збор „не“) е во ред и е здраво
Јас сум родител кој се обидува да каже „да“ секогаш кога е можно, освен ако нема добра причина за тоа. Но, понекогаш тоа води до премногу да, што потенцијално придонесува моите деца да бидат немирни (налутени) кога треба да чекаат нешто – нови очила за сонце од „Амазон“, пица за која се потребни повеќе од 15 минути за готвење, долга редица за чекање. Лара Гудрич, психолог од Медисон, Конектикат, вели дека децата од 90-тите години биле малку подобри во ова благодарение на телевизиските реклами и барањето информации во енциклопедија наместо веднаш од Алекса.
– Мислам дека е потешко за родителите денес затоа што треба да бидеме малку повнимателни како ги учиме нашите деца на толеранција на фрустрација, бидејќи светот едноставно ја нема толку вградено, а тоа не е наша вина – вели таа.
Таа додава дека нашите деца, кои гледаат стриминг-платформи, нема да го откријат чувството кога брзаш и трчаш да земеш грицки пред да завршат рекламите и да почне серијата бидејќи нема копче за пауза.
– Се сеќавам дека ме влечкаа по продавници, а денес можеме да купуваме од веб-страници – вели психологот.
Но, родителите не мора да патуваат низ времето назад во 90-тите за да ги научат децата на одложено задоволување. Наместо тоа, вели таа, тие можат да вежбаат со едноставно кажување „не“ кога е потребно, и да се држат до тоа. Друга идеја е да им се помогне да се занимаваат со активности надвор од нивната комфор-зона, како што е спорт во кој не се одлични веднаш, за да се научат на толеранција на „строгост“ и фрустрација, додава таа.
Не ја знаевме моќта на досадата
Додека секој летен ден ги префрлам моите деца во градинки/престој/кампови/бебиситерки за да одам неколку часа на работа, се сеќавам на долгите безгрижни денови каде што истражувањето на дворот се протегаше пред мене и не знаев за концептот на времето. Мојот најголем проблем како дете од 90-тите беше досадата, само со моите кукли, сет за играње да ги разбивам часовите. За повеќето луѓе на моја возраст, нашите родители немаа проблем да нѐ избркаат да одиме сами да откриеме што да правиме за да не ни е досадно, велејќи ни: – А, треба нешто да правиш? Ќе ти дадам нешто да правиш! (Нешто познато како перење). Моите родители не се обидуваа да ми ги исполнат часовите со забава – или сама можев да најдам нешто да правам или тие ќе ми најдеа работа.
Дури и не знаеја дека ми даваат нешто многу вредно. Истражувањата оттогаш покажаа дека досадата има огромни придобивки за инспирација на креативните млади умови. „Инстаграм“ е преполн со списоци со активности за да им даде на децата идеи денес, кога навистина им е потребна мотивацијата од самата досада. Како родител од 2022 година, планирам да го издолжам времето (по сите тие кампови) во кое моите деца намерно ќе немаат никакви планови освен да сфатат што всушност сакаат да прават и да го остварат тоа.
Имаше повеќе бариери помеѓу децата и несоодветната содржина
Во 90-тите, единствениот начин да се сретнете со нешто „несоодветно“ за вашата возраст беше ако намерно ги баравте списанијата за возрасни на вашите родители под креветот. Немаше никаков пристап до неограничениот „ајфон“ на вашиот пријател, што ви овозможува случајно (или намерно) веднаш да пребарувате видеа, слики и одговори надвор од вашите години.
– Дури и ако некој млад човек речеше: – Сакам да видам нешто што не треба – тој мораше сето тоа да го испланира, да разговара со пријателите. Сега децата може да наидат на нешто на кое никогаш не би сакале да бидат изложени. Мислам дека тоа е тешко и за децата и родителите – вели таа.
Едно нешто што не ни недостига во 90-тите
И покрај сета носталгија и ретро-вибрации што 90-тите ги носат кај милениумските родители, не беше сè совршено. Всушност, и свеста за менталното и физичкото здравје значително еволуираа во последните три децении. Денес имаме зголемено внимание и акција за децата со проблеми со менталното здравје. На пример, ако сте добиле награда за присуство во тогашните 90-ти, тоа значи дека сте биле наградени затоа што доаѓате на училиште секој ден, без разлика дали сте биле болни, сте го имале првиот болен период или сте имале тежок ден.
– Моќта сите болни моменти да ги пребродите преку насмевка, без вознемирување, понекогаш може да е добра лекција за издржливоста, но мислам дека кога е премногу поларизирано во таа насока, не ги учи децата како да управуваат или да ги изразат своите емоции и да работат преку нив, само ги учи да ги затворат емоциите – велат експертите.
Автор: Александра Фрост
Извор
912