Во детските градинки одамна постои проблемот со децата кои не спијат. Додека некои деца едвај чекаат да заспијат по ручекот, други не можат да се смират и да ги затворат очите барем еден час. За ова прашање се разговарало на веб-страницата на здружението СИДРО, кое ги претставува просветните работници од цела Хрватска.

-Дванаесет години ја работам оваа работа во иста градинка, разговарам со колегите од другите градинки, пребаруваме низ стручна литература и не можеме да ги објасниме причините поради кои раководството на мојата градинка и постарите колеги упорно бараат сите деца во градинката да спијат – напишала една воспитувачка.

Иако се согласува дека дневниот одмор е важен, таа забележала:

-Не можам да ја разберам принудата на децата, на кои не им треба сон, да лежат неподвижни два часа.

Воспитувачката е свесна дека во градинките не постојат услови кои би можеле да обезбедат задоволување на потребите на спијачите и неспијачите, но смета дека нешто треба да се промени на овој план. Во дискусијата се вклучиле и многу воспитувачи од Хрватска, кои откриле како се справуваат со овој проблем.

-Во групата има 23 деца. 12 деца од предучилишна возраст воопшто не лежат, туку престојуваат на масите. Другите остануваат в кревет до околу 13 часот. Сите слушаат приказна што им ја читаме пред да одморат. Потоа, ако сакаат, децата од предучилишна возраст можат да ја потпрат главата на перниците пет до десет минути на масата, а потоа следуваат активности за подготовка за училиште, ликовно доживување на прочитаното, тивок разговор за прочитаното и тивки игри на масите. Воопшто не е лесно, сето тоа бара многу посветеност, но функционира – го споделила својот метод една воспитувачка.

„Го решаваме проблемот на начин што подразбира воспитувачот да прави чуда, како и обично“

-Првпат имав „неспијач“ во групата пред 25 години. Тогаш имаше мешана повозрасна група, запишани беа 35 деца. Поубаво и полесно и за децата и за мене, беше оние што немаат потреба да спијат, нивното време да го поминат одмарајќи се со мирни активности. Тоа е мојот пристап кој продолжи да се применува секогаш, без разлика дали детето е од предучилишна возраст, значи – ги слушам потребите на децата – додала друга.

-Го решаваме тоа на начин кој подразбира воспитувачот да прави чуда, како и обично. Ги стануваме децата од предучилишна возраст по половина час, ги влечеме масите до ходникот и истовремено сме во две соби. Зависи од материјалните услови, а администрацијата не може да го реши овој проблем ако нема место, ако нема сала или дополнителна наставничка или посебна просторија за овие деца, се работи за безбедноста на децата – тврди трета.

-И јас сум противник на принудувањето за спиење, а работам во градинка, во повозрасна група. Тоа е многу грд спомен за децата од моите групи од градинка – вели четврта.

Некои ја гледаат суштината на проблемот во непочитувањето на државниот педагошки стандард (ДПС).

-Кога бројот на деца според возраст и квадратурата по ДПС би останал исклучиво по волја и креативност на воспитувачот, тогаш значи дека се борите да го решите проблемот – рекла петта.

Сите деца треба да легнат и да се одморат од 12:30 до 14 часот

Секако, има и воспитувачи кои веруваат дека децата мора да одмараат.

-Секој педијатар, доктор и разумен човек знае дека попладневниот одмор е добар за секого, а особено за дете од предучилишна возраст, тоа е речиси неопходно. Ако ги разбудите по половина час, се разбира дека тие нема ни да се обидуваат да заспијат. Не им правите ништо добро на децата или на себе, правите само циркус. Децата не се одмораат, тие што сакаат не можат тоа да го сторат заради првите, вие дополнително се изморувате… Сите деца треба да легнат и да се одморат од 12:30 до 14:30 часот. Ништо нема да им се случи, освен што ќе им мирува мозокот и телото, а наставничката исто така ќе паузира – тврди шестата воспитувачка.

-Според моето досегашно согледување и разбирање, на секое дете му треба одмор. Тоа не мора да биде нужно сон, туку одмор на телото. Исто така, мислам дека не е нужно лошо детето да помине одредено време само. Без да биде опкружено со дразби и нешто за да „работи“. Наместо тоа, телото да се одмори, да се справи со внатрешните мисли, малку детето да го слуша сопственото тело. Верувам дека не е неопходно детето да се „забавува” секоја секунда и постојано да му се нуди нешто. Тој час и половина – два, често се многу позитивни за внатрешниот мир на детето. Можеби грешам, но засега практиката ги потврдува ваквите ставови – заклучила седма воспитувачка.

Извор



912

X