Дали однесувањето на вашиот тригодишник излегува од контрола? Еве неколку идеи што функционираат при воспитувањето на вашите дечиња.

Потребен е преведувач

Иако вештините за комуницирање кај детето се воспоставуваат во периодот помеѓу 18-месечна возраст и тригодишна возраст, не значи дека е лесно да се разбере двегодишникот. Малите деца стануваат напнати кога не разбирате што сакаат. Така што, треба да станете вешти во преведувањето на она што сакаат да ви го кажат. (Дали „нана“ значи „сакам банана“?)

Пример:
Мојот син еднаш многу сериозно ме праша: „Каде оди љубовта?“ ( love) Уаау! Се обидов да измислам одговор и затоа што се збунив, тој стана уште повознемирен. Тогаш се вклучи мојата ќерка и рече: „Те прашува каде е девојката Лава“. Таа е неговата играчка робот!!!

Како?
За подобро да се разберете, вашите фрази со дечињата нека бидат кратки и повторувајте ги често. Следете ги гестикулацијата на вашето дете и тонот на неговиот глас, особено кога е фрустрирано. Дури и кога не знаете зошто вика, покажете му дека ја разбирате неговата лутина. Дајте им име на неговите емоции, речете му: „Ми изгледаш вознемирено“, сугерира Керол Вајтсман, професор по педијатрија на школата за медицина при Универзитетот „Јејл“. Кога ќе му ги именувате чувствата, следниот пат детето ќе може да ги означи тие чувства и ќе знае за што станува збор.
Исто така, морате да го користите својот талент за интерпретација секојпат кога вашата интерпретација ќе го охрабри детето да зборува како возрасен човек.

Разберете ги навивачите

Опсесијата е концепт измислен од страна на двегодишник и тригодишник. Тие наоѓаат нешто што ги фасцинира и тогаш независно од тоа дали јадат, пијат, спијат, постојано размислуваат за тоа. Зошто? Тоа е голем и опасен свет што тие не можат да го контролираат. Затоа се обидуваат да управуваат со мал дел од него. Тоа може да биде ситница. Како и навивачите, тие не дозволуваат да се промени темата, тие секогаш го бодрат својот тим и се обидуваат повторно и повторно.

Пример:
Ферол Видман, мајка на три деца, го исполнила барањето на нејзиниот син за третиот роденден да го однесе во салон за миење автомобили. „Давид само за тоа зборува по цел ден. Ги повторуваме имињата на сите салони како што се Шел, БП, Мобајл и што има секој од нив, на пример, крпи, сапуни, вода… Мојот шестгодишен син Џон вели: ’Дали може сега да престанеме да зборуваме за салони за миење коли?‘ Посакав да го кажам истото, но морав да се преправам дека сум заинтересирана“.

Како?
Токму така како што поставуваат милион прашања, дечињата сакаат да ви кажат милион нешта за нивната опсесија. Така што оставете ги да ве научат на нешто. Ова не е ништо невообичаено и родителите би требало да ги следат децата во тоа. Можете нивната страст кон нешто да ја претворите во искуство од кое ќе учат.

Микроменаџер

Дечињата имаат омилени ритуали во текот на утрото, ручекот или времето кога треба да спијат и не осмелувајте се да им го менувате тоа. Тие не знаат која доба од денот е, но тие рутини им се насоки и само по тоа знаат што се случува, вели Това Клајн, директор на колеџ-центар за мали деца во Њујорк. Тие рутини им помагаат да се чувствуваат сигурно кога минуваат низ развојни промени.

Пример:
„Јас имам по две лижавчиња во секоја торба: торбата за на работа, торбата со пелени, малите торбички – за секој случај“, вели Мелиса Шотер, мајка на двегодишниот Џек. „Да речеме, мораме да направиме нешто непланирано, на пример, да свратиме до продавница. Лижавчињата ќе ме поштедат од многу стресови. И секогаш имам две, во случај нешто да се случи со едното или да му падне од рацете на мојот син“.

Како?
Независно од тоа дали станува збор за избледена зелена шолја што ја носите од продавница или за барање кукли пред спиење, микроменаџерот значи дека постои оној шеф кој отсекогаш сте го мразеле: оној што ја контролира секоја ситница, колку и да била неважна. Но, вреди за тоа, поради задоволството на вашето детенце и поради вашиот разум. Ќе ги исфрлите непријатните изненадувања така што ќе бидете подготвени на сè што може да се случи. И на вашето дете тоа ќе му даде чувство дека нешто контролира, а со самото тоа полесно ќе правите договори. Ако тоа значи дека морате да му ја читате истата книга секоја вечер пред спиење (и тоа со истиот тоналитет), нема врска, барем дошло време за спиење.

Стилист

Дали таа инсистира да ги носи омилените шорцови врз фармерките? И круна? Секој ден? Не вреди да ги водите овие битки. Јасно е дека модните одлуки можат да помогнат при изразувањето на независноста на детето. Вие мислите дека таа само се облекува, а таа мисли дека управува со светот и докажува колку е сјајна.

Морате да ги слушате…
Кристи Витни, мајка на двегодишна ќерка во Лонг Бич, Калифорнија, работи во сојуз, а не против својата ќерка, така што ѝ помага во изборот на стилот. „Најдов фустан што таа го обожава и ѝ купив шест, во секоја боја што ја имаше. Па така, таа секој ден си одбира боја“.

Како?
Размислувајте за неа како за дива. Вие не можете да ја облекувате, единствено што можете е да ѝ обрнете внимание на два нејзини аутфита, и нека бидат два, да нема многу избор. Децата може да се навредат доколку само се обидете да им помогнете во изборот. Во тој случај – оставете ги или барем преправајте се дека го правите тоа.

Дипломат

Двегодишниците и тригодишниците се слатки како ангели. Потоа се претвораат во бескрупулозни деца. Тие наредуваат, удираат и врескаат ако не го добијат веднаш тоа што го сакаат. Може да биде многу тешко да го спроведете тоа што морате, да ги ставите в кревет, да ги нахраните, да ги ставите во седиштето во автомобилот, така што веројатно ќе станете гласни и ќе се заканувате со насилство.

Морате да ги слушате…
За да ја натера својата тригодишна ќерка Емили да оди до бањата, Ребека Хорват користела голема моќ на убедување. „Обично би ѝ рекла дека ќе одиме кај нокширот, кратко време пред да го обиколиме трговскиот центар, потоа истото би ѝ го споменала неколку пати додека одиме од продавница до продавница и кога ќе седнеме да јадеме. Тогаш таа без расправија ќе тргне додека сè уште сме таму. И така тоа повеќе изгледа како факт отколку како нешто што би сакала мама да го направиме“.

Како?
Останете присебни. Ако попуштите – сè ќе пропадне. Спуштете се на нивно ниво и разговарајте полека и полека преминувајте преку препреките: „Тоа што го правиш е многу забавно, но време е за ручек“. Потребно ви е трпение, но и стратегија. На пример, понудете им грицки по ручекот по ваш избор. Натерајте ги да мислат дека тоа е нивни избор. Тоа е добар дипломат.



912

X