Професорите на медицина објаснуваат колку и зошто е значајно присуството во природа, во услови кога голем дел од времето сме дома, но и потсетуваат дека многу внимателно треба да се избира каде ќе се оди

Децата, возрасните, а особено хронично болните треба да излегуваат надвор, да шетаат во природа, во периодите кога тоа е дозволено. Меѓутоа, активностите надвор треба да ги прават безбедно, да избираат места во кои нема метеж и да одржуваат дистанца од најмалку 2 метра од други луѓе, советуваат професорите д-р Драган Даниловски, епидемиолог, и д-р Никола Пановски, микробиолог. Тие објаснуваат колку е значајно присуството во природа, во услови кога голем дел од времето сме дома, но и потсетуваат дека многу внимателно треба да се избира каде ќе се оди за да не се шири коронавирусот, да се заштитиме и себеси и другите.

Дел од родителите се збунети или исплашени околу тоа дали треба да ги изнесуваат децата надвор.

Во згради има магнетен вакуум и кислородот е нејонизиран

Проф. Даниловски, кој е раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, вели дека во чист воздух треба да се ужива секогаш кога е безбедно.

– Тоа е особено полезно затоа што само на отворено и по можност во шума кислородот е јонизиран од природното магнетно поле на Земјата. Како таков, директно се користи за процесите на дишење на клетките. И обратно, во згради направени со армиран бетон (сите се такви, освен бараките), постои ефект на Фарадеев кафез, во чија внатрешност постои магнетен вакуум. Затоа, кислородот внатре е нејонизиран, молекуларен. За тој да може да се искористи за дишење на клетките, мора претходно да се јонизира низ цела низа метаболни процеси. Тоа бара време. Затоа, човек се чувствува како постојано да нема доволно воздух, особено при физички напор (вежбање). А кога е во шума, лесно дише, како да има кислородна маска! – објаснува професорот.

Проф. д-р Драган Даниловски

Овие факти, според него, имаат долгорочни реперкусии и врз општото здравје.

– Докажано е дека за оптимално функционирање на организмот, потребно е сите молекули да бидат поларизирани (насочени во правец север-југ). Тоа е можно само ако се јонизирани под дејство на магнетното поле на Земјата. На таков начин организмот ќе функционира како интегрален дел од природата во која се наоѓа. Без таквата интегрираност, организмот полека ќе ја губи виталноста, па со текот на времето може да почнат да се јавуваат дегенеративни промени во секоја клетка, што може да доведе до несакани последици – вели Даниловски.

Оттаму, да, седете дома! Но, истовремено искористете ја секоја поволна можност (водејќи сметка за задолжителното дистанцирање и почитување на мерките за заштита) за да се надишете свеж воздух некаде на отворено!

Најмалку половина час надвор, но на безбедно

Микробиологот проф. д-р Никола Пановски од Институтот за микробиологија вели дека за секој од нас е добро да помине најмалку половина час дневно надвор, на безбедно место.

Проф. д-р Никола Пановски

– Ова е значајно и за децата, а особено за хронично болните. Не групирајте се, одете во мали групи, јас би рекол и помалку од петмина, колку што е определено, одржувајте ја дистанцата од 2 метра доколку наидете на некого – вели проф. Пановски.



912

X