Во колку часот треба да си легнат децата е вечното прашање со кое се соочуваат родителите. И секој, без оглед дали е родител или не, се чини дека има свое мислење на ова тема.

Неодамна табелата споделена од наставничката Стејси Карлсен, која предава во прво одделение во основното училиште „Вилсон“, стана вирална и предизвика дискусија за важноста на спиењето.

Сепак, родителите не можат никако да се согласат дали советите од табелата се практични или не.

Табелата е едноставна за навигација: видете колку години има вашето дете и во кое време се буди наутро, така ќе знаете кога треба да си легне.

Според Карлсен, сонот е еден начин да им помогнете на учениците да бидат пофокусирани и повнимателни за време на часовите. Другиот дел од равенката е здравата исхрана.

Карлсен изјави дека е шокирана од тоа колкаво внимание привлече објавата и истакна дека не ја направила таа табелата.

– Ја најдов и си помислив дека е суперкорисна за споделување – вели таа.

Сонот е од суштинско значење ако сакаме да живееме квалитетен живот. Но, колку сон е доволно? Според Националната фондација за спиење, оваа количина се менува како што старееме: на бебињата, децата и тинејџерите им се потребни повеќе часа спиење, а на возрасните помалку.

Секако, многу зависи и од секоја индивидуа, така што треба да се прашате себеси дали се чувствувате здрави, среќни или продуктивни со моменталната количина на сон.

Националната фондација за спиење ги има следните препораки:

Новороденче (0-3 месеци): 14-17 часа
Доенче (4-11 месеци): 12-15 часа
Дете (1-2 години): 11-14 часа
Предучилишна возраст (3-5 години): 10-13 часа
Дете на училишна возраст (6-13 години): 9-11 часа
Тинејџер (14-17 години): 8-10 часа
Млад возрасен (18-25 години): 7-9 часа
Возрасен (26-64 години): 7-9 часа
Постар возрасен (65 или повеќе години): 7-8 часа

Извор



912

X