Ако не доживееме неуспех, никогаш нема ни да успееме – оваа реченица е толку вистинита, а поголемиот дел од нас сепак се плашат од неуспех, без разлика на тоа што токму тој може да ни донесе подобри резултати во иднина. Треба да си дозволиме да грешиме, но тоа треба да го сториме и со сопствените деца. Во следните четири ситуации родителот треба да му дозволи на детето да погреши бидејќи така ќе научи за животот и подобро ќе се снаоѓа.

1. Погрешни пријатели

Речиси секое дете има пријател за кој неговите родители знаат дека лошо му влијае, но сепак не би требало премногу да се мешаат во изборот на детето. Децата, особено во средно училиште, наоѓаат различни пријатели, како што и се обидуваат да го пронајдат сопствениот идентитет. На тој начин учат не само за пријателството, туку и за различните особини и профили на луѓето.

2. Спортски и други натпреварувања

Натпреварувачките активности во кои учествуваат децата би требало да се доживуваат од страна на родителите како да им се на децата баба и дедо, а не мајка и татко, советуваат експертите. Што значи тоа? Бабата и дедото обично само сакаат да го видат внучето како настапува и учествува во натпреварување, додека родителите се вклучени и во успехот на детето. Доколку постојано се очекуваат извонредни резултати од него, тоа ќе му создаде преголем притисок, па ќе ги занемари забавата и лекциите што може да ги научи.

 

3. Домашни обврски

Детето мора да учи и од сопственото искуство и од грешките. На пример, ако не ја собере својата валкана облека и не ја стави на соодветното место, ќе оди на училиште со валкана маица, па веројатно следниот пат ќе постапи правилно.

4. Домашна задача

Оценките и учењето се важни и родителите мора јасно да му објаснат на детето што очекуваат од него. Така, потребно е да се поттикне навремено пишување на домашната задача, на пример, пред вечерата, или пак во петок навечер пред почетокот на викендот или според каков било друг договор меѓу родителите и детето. На детето, сепак, треба да му се дозволи да има барем делумна контрола над своите училишни должности и да не се оптоварува постојано со очекувањата од родителите. Ако не ја напише домашната задача или не ја научи лекцијата, ќе мора самото да ги сноси последиците на училиште.



912

X