Здравје

Внимавајте! Базените може да бидат полни со бактерии и паразити

Најновите истражувања укажуваат дека паразитот пронајден во контаминираните човечки фекалии е виновен за повеќето болести поврзани со базените

Летото почна, па секој од нас веќе планира каде ќе го помине летниот одмор. Плажа, базен, море, сонце – родителите се во дилема што да изберат и што ќе биде најбезбедно за нивните деца.
Важно е да знаете за (не)безбедноста на водата во базените. Не станува збор за хлорот, ниту за тоа дека во суштина се капете во валкана вода во која влегуваат непознати луѓе.
Туку, како што покажуваат најновите истражувања, паразитот пронајден во контаминираните човечки фекалии е виновен за повеќето болести поврзани со базенот. Се шири кога случајно ја голтате загадената вода.
Криптоспоридиум (или крипто) е паразит што е доволно силен да преживее дури и во најдобро одржуваните базени, посочува најновиот извештај на центрите за контрола и превенција на болести во САД. И е прилично лош.
– Крипто предизвикува 58 отсто од епидемиите во кои идентификуваниот микроб бил поврзан со базените, топлите бањи – вели извештајот на Центарот.
Се шири кога некој со паразит има дијареја во водата, а другите пливачи ќе голтнат од водата.

Децата се особено ранливи

– Дури и ако детето голтне малку вода со крипто, може да предизвика болест што би траела и по неколку недели – вели Мишел Хловса, шеф на Здравствената пливачка програма.
– Хлорот не може да го убие крипто за брзо време. Затоа, важно е да не дозволувате вашите деца да влезат во вода ако се болни и имаат дијареја – додава таа.
– Децата се најчесто засегнати од инфекцијата со критпоспородиум бидејќи тие се најчести корисници на водените паркови. Освен тоа, тие можат да бидат поподложни на болеста бидејќи обично имаат тенденција да имаат послаб имунолошки систем отколку возрасните – истакнуваат истражувачите од Универзитетот во Гелф.

Внимавајте на безбедноста

Никогаш не дозволувајте вашите деца да пливаат ако имаат дијареја. Ако знаете дека крипто е причината за нивната болест, почекајте најмалку две недели пред да им дозволите да влезат во вода. И, добро посочете им дека во никој случај не смеат да голтаат од водата.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top