„Јас воопшто не знам математика“, луѓето честопати знаат да се пожалат. Можеби и вие го велите тоа.

Штета е ако сте успеале да се убедите дека не можете да му помогнете на вашето дете да ги научи основните работи. За среќа, тоа не е вистина.

Според Ен Гервасони, вонредна професорка на Факултетот за образование на Универзитетот „Монаш“, всушност, вие сте добри во секојдневната математика. И тоа е токму тој вид математика со која може да напредува вашето дете од предучилишна возраст.

– Нешто се случува во средно училиште што на многумина им дава чувство дека не се добри во математикта. Можеби не напредувале некое време, но можеби повеќе е начинот на предавање – вели професорката Гервасони.

Затоа, оставете ги настрана сеќавањата на тестовите и размислете како ги планирате и подготвувате семејните оброци.

– Сè е во количините и рецептите – вели професорката Гервасони.

Размислете како возите до продавница или до домот на вашите родители, ако предвидите лош сообраќај. Тоа е користење на вештини за веројатност, геометрија и локација.

Носењето на децата на училиште е одличен пример за тоа како ефикасно да го измерите и искористите времето.

– Математиката е дел од сето она што го правиме природно како луѓе. Родителите, бабите и дедовците, тетките и чичковците се првите едукатори на децата по математика. Отсекогаш ни требало да мериме и да дизајнираме работи со форми, користиме обрасци и утврдуваме дали имаме доволно ресурси – вели таа.

Дури и без поттик, малите деца забележуваат и користат математички идеи.

– Застанете, гледајте и слушајте го вашето дете кога игра. Можеби тогаш ќе споредува и мери форми додека се обидува да најде мала играчка под куп поголеми играчки – вели Гервасони.

Или кога зборуваат дека семејното куче лае по поштарот или дека силниот дожд може да направи баричка во паркот (тоа е веројатност).

Со оглед на тоа што и родителот и детето постојано се занимаваат со секојдневна математика, што останува да се направи?

Вашата улога како родител, според Гервасони, е да ги надградувате овие ситуации со забележување, истражување и разговор. И како и секогаш: забава.

Таа раскажува приказна за еден родител кој ѝ раскажал што се случило со неговата ќерка.

– Едно попладне, таткото доаѓа дома и става термометар на масата. Кога неговата четиригодишна ќерка прашува што е тоа, нејзината мајка сфаќа дека тоа е момент за истражување. „Тоа е термометар, го користиш за да откриеш колку се студени или топли работите – ајде да го ставиме во фрижидер и да видиме што ќе се случи“, раскажува Гервасони. Откако разговарале како се променила температурата,  детето предложило да се стави во замрзнувач.

Токму оваа приказна ја покажува длабочината на љубопитноста на децата и како тие можат да научат математика во секојдневните ситуации.

– Колку е посилно партнерството со родителите од раѓање, толку подобро децата можат да напредуваат кога учат математика на училиште – вели Гервасони.

И додека некои веруваат дека одредени луѓе се родени подобри во математика, реалноста е дека сите сме способни да научиме – вели професорката.

– Она што е најважно е како интересот на кое било дете се негува уште од најмала возраст. Кога детето изразува љубопитност за математички идеи, време е родителите да го препознаат и негуваат тоа – додава таа.

Совети за негување на математиката

Постарите браќа и сестри можеби ќе можат да помогнат во овие активности – или можеби самите имаат одлични идеи.

Според и измери – Најдете го највисокиот предмет во вашиот дом, најлесниот зеленчук во фрижидерот и чаша во шкафчето во која може да се стави најмногу вода.

Научете за формите – Кога децата ќе забележат нешто кружно (топка) или нешто рамно (книга), речете им да најдат и други вакви форми. Побарајте кругови, триаголници, квадрати, цилиндри и објаснете им ги нивните својства.

Вежбајте зборови за локација – Опишете каде се наоѓаат работите: внатре, надвор, долу, горе, зад, пред, спротивно. Побарајте од децата да најдат предмет над нивната глава, до фрижидерот, зад вратата или наспроти растението.

Најдете обрасци – Разговарајте за повторување на обрасците во песни, предмети во домаќинството или семејни рутини. Барајте во градината или во плакарот за да најдете дезени во природата или испечатени на облека.

Време за раскажување – Помогнете им на децата да го забележат времетраењето на активностите користејќи часови, минути и секунди. Нека вашите деца избројат колку секунди им се потребни за да стигнат до аголот и слично.

Градење со броеви – Учењето на имињата на броевите од 1 до 20 е градење блок што ги подготвува децата да зборуваат за количините. Речете им да ви донесат три чевли или четири книги.

Извор



912

X