Здравје

Витамините во детската исхрана

Правилната исхрана е клучна за здравјето, како и за квалитетот и должината на животот. Таа подразбира оптимално внесување на сите хранливи материи, протеини, јаглехидрати, масти, минерали и витамини.

Отстапувањето од основите на правилната исхрана може да доведе до дебелеење или потхранување со многу последици за здравјето, растот и развојот на детето – ова се зборови на педијатарот д-р А. Поливка.

Разновидноста на исхраната се обезбедува со мешање на различни намирници во еден оброк, во текот на целиот ден, но и со нивна правилна обработка. Од вашето знаење, трпение, волја и имагинација ќе зависи како ќе го смислите ручекот за своето бебе, па и менито за целиот ден. Особено во зима, кога целта е да се задржат што повеќе витамини во намирниците што им ги даваме на бебето, овошјето и зеленчукот треба да се во свежа состојба или кратко термички обработени. Секако, треба да се обрне внимание на тоа намирниците да се готват во минимална количина вода, па таа вода да се искористи за подготовка на каша и на тој начин да се внесуваат сите витамини и минерали од дадените намирници. Во текот на зимските месеци изборот на свежи намирници – овошје и зеленчук е сведен на минимум, па на најдобар начин треба да се искористат оние што ни стојат на располагање. Пред сè, тука се јаболкото, бананата, крушата, а од зеленчукот – тиква, компир, морков, магдонос, карфиол…

Витамин А

Спаѓа во липосолубилни витамини и за неговата важност зборува и фактот дека во 1967 година за откритието на биохемиската улога на овој витамин во фотохемијата на видот доделена е Нобелова награда. Затоа е неопходен во процесот на гледање, растот и функционирањето на клетките на слузокожата, за репродукцијата и имунолошкиот одговор. Најдобар извор на витаминот А во бебешката исхрана се морковот, компирот, тиквата, но и зелката и брокулата. Овошјето и зеленчукот со портокалова боја се подобар избор на бета-каротен отколку зелениот зеленчук. Важно е да се нагласи и тоа дека за добра апсорпција на витаминот А и бета-каротенот, потребно е присуство и на масти во исхраната.

Витамини од групата Б

Овие витамини меѓусебно се разликуваат според хемискиот состав, а го поттикнуваат метаболизмот, го одржуваат здравјето на косата, мускулниот тонус, ја подобруваат работата на имунолошкиот систем, поволно влијаат врз нервниот систем, поттикнуваат делба на клетките и настанување на црвените крвни зрнца. Во намирниците што им се даваат на бебињата до една година најмногу вакви витамини има во: банана, боранија, грашок, месо од живина, жолчка, компир, месо, млечни производи, грав, риба, тиква, морков…

Витамин Д

Во наши услови се супституира во текот на првата година, па бебето го добива во доволни количини во периодот на внесување на цврстата храна. Важен е за раст на метаболизмот на коските.

Витамин К

Исто така важен за здравјето на коските, значаен за активноста на мозочните клетки, но и за функционирањето на кардиоваскуларниот систем. Најмногу го има во сировиот магдонос, во кељ, спанаќ, но и во зготвена брокула и маслиново масло.

Јодот и неговата улога во развојот на децата

Витамин Е

Најсилен липосолубилен антиоксиданс во човековите ткива. Во врска со бебешката исхрана, најмногу го има во маслиновото масло. Инаку, додавањето на витаминот Е во храната е законски регулирано.

Витамин Ц

Има многу приказни за важноста на витаминот Ц во секојдневната исхрана, па само би го нагласиле фактот дека подолгото готвење ја намалува неговата концентрација во намирниците. Затоа, намирниците богати со витамин Ц треба да се јадат свежи (јаболка), или кратко зготвени (компир, каша од круши). Сокот од домат е исто така добар извор на витамин Ц.

Фолна киселина

Неопходна е за создавање и одржување на новите клетки, што е значајно во периодот на брзиот раст и репродукцијата. Во бебешката исхрана мешункастите плодови се најдобриот извор на фолна киселина.

Не е страшно ако детето изеде парче торта. Опасно е ако внесува шеќери без контрола

Зимски ручек богат со витамини А и Б

Во малку вода згответе копан, наткопан, половина црвена тиква, кромид и компир. Кога ќе биде готово, месото исечете го со нож, а зеленчукот згмечете го со виљушка. Густината се регулира со течноста од готвењето. Ова е суперслатко и хранливо јадење кое може да се изблендира ако возраста и потребите на детето го бараат тоа.

Зимски ручек богат со витамин К и Е

Пире од брокула и карфиол

(ова јадење се меша и со маслиново масло, или со месо или со жолчка)
Еден компир да се излупи, да се исече на ситни парчиња и да се стави во тенџере со малку вода. Кога ќе зоврие, да се додадат поголеми парчиња карфиол и брокула, кои не мора да бидат прекриени со вода. Се готви 15 минути во затворен сад, додека не омекне. На овој начин се постигнува сè да биде зготвено во исто време и да се задржат бојата и хранливите состојки. На крајот, може да се блендира или да се згмечи со виљушка. Густината да се регулира со течноста од готвењето.

Зимски ручек богат со витамин Б и фолна киселина

Грашок и тиквичка

Гответе малку ориз и една дланка млад грашок околу 20 минути. Пред крај додадете исечена тиквичка и гответе додека не омекне. Сето тоа исцедете го низ цедалка и ќе добиете одлична каша.

Извор: „Готварски дневник на баба Марта“

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top