Вродениот имунитет е присутен при раѓањето на детето и во текот на детството ја наградува својата природна одбрана. Првиот голем предизвик за имунитетот е одењето во градинка!

Одењето во градинка несомнено е една од првите големи случки во животот на малото дете. Освен адаптацијата што ќе ја помине во градинката, и имунитетот на детето ќе ја помине својата адаптација. А солзите поради разделувањето ќе бидат проследени и со првите температури, вирозите…

Децата се раѓаат со имунитетот на своите мајки, а го стекнуваат во првите месеци со вакцинацијата, па потоа и со изложување на извори на зараза. Тогаш телото на детето во допир со различни зарази учи како да се одбрани од вируси, бактерии и слично. Имунитетот, баш како и детето во градинка, учи како да се однесува. Првиот одговор на имунитетот на зараза е болест и сè додека имунитетот не научи како да се однесува кога е во допир со бактерии и вируси, бурно ќе реагира.

За родителите, болестите се најголемата грижа во првите денови поминати во градинка. Затоа, ви нудиме водич во кој ќе покажеме како треба да се штити имунитетот на децата.

Витамини

Балансираната исхрана е важна за децата од повеќе причини – варење на храната, здравјето на телото и здравиот однос кон храната. Имено, ако детето на рана возраст научи дека овошјето и зеленчукот се составен дел од неговото мени, ќе научи и да јаде додека не се засити, па ќе создава и здрава подлога за остатокот од животот. Имунитетот ја добива својата сила од квалитетната исхрана. Витамините и минералите што се добиваат со балансирана исхрана не можат тукутака да се заменат со додатоци во исхраната. Додатоците во вид на мултивитамини и витамински напивки служат само како помошно средство во исхраната и здравјето.

Дефицитите на витамини во детската возраст не се чести, а најчесто се јавуваат како недостиг на витаминот К, кој не се апсорбира преку плацентата, витаминот Д, па железото. По првата година од животот децата ќе имаат главно балансиран внес на витамини, а кај многу ќе се јават анемија, недостиг на железо и недостиг на калциум. Калциумот е важен за изградба на коските и забите, а на децата им недостига бидејќи брзо растат.

Детето во првата година добива витамин Д и тој е многу важен и за неговиот понатамошен раст и развој. Витаминот Д го добиваме од сонцето, а се наоѓа и во рибиното масло и во месото, млекото и млечните производи и жолчката. Витаминот Д оди рака под рака со престојот на отворено.

Свеж воздух

Престојот на отворено има многу благодати за телесното здравје на децата. Активностите како трчање, возење велосипед и играње со топка го зајакнуваат капацитетот на белите дробов.

Освен што поволно влијае врз телото, престојот на отворено поволно влијае и на мозокот на детето. Играта надвор ги развива деловите во мозокот кои мируваат кога се во затворено. Дразбите што ги добиваме од природата се посилни од оние механичките, па играта на отворено го стимулира детскиот ум на различен начин.

Престој во затворено

Во текот на престојот во затворено со децата обидувајте се што повеќе да ги проветрувате просториите. Вирусите и бактериите најдобро успеваат во топли и суви услови, па дотокот на студен воздух брзо ќе ги „протера“ од просторијата.

Здрав сон

Сонот е најважен за децата за да имаат трпение, сила и волја да ги завршуваат сите дневни задачи. Родителите знаат дека наспано дете е среќно дете. Во текот на престојот во градинка  ставајте го детето да спие во постудена соба, за што побрзо да потоне во сон. Имено, за добар сон телото природно ја спушта температурата, па во текот на летото потешко ќе заспие отколку во зима. Освен тоа, постудениот воздух ќе ги отвори дишните патишта, па и во текот на сонот телото поуспешно ќе се бори со инфекциите.

Среќа

И покрај сите настојувања детето да го заштитиме од болести, реалноста е дека тоа во градинка порано или подоцна ќе се разболи. Но, најважно е детето да биде среќно бидејќи само среќно дете полесно се справува со температурата и со одвојувањето од мајката.

Менталната благосостојба, редовната игра, учењето, поттикнувањето креативност, спонтаноста и безгрижноста се еднакво важни како и витамините, минералите, спиењето и престојот на отворено.

Извор



912

X