Воспитување

Виртуелно бебиситерство – пандемијата донесе нов тренд

Додека училиштата и градинките се затворени поради пандемијата на коронавирусот, грижата за децата премина во онлајн-светот. Виртуелното бебиситерство сега е тренд, но дали е во ред?

Некогаш децата и родителите се будеа наутро, појадуваа и заминуваа од домот на работа и во училиште. Така стоеја работите, а сите ние се навикнавме на тие рутини. Не беше совршено, но беше препознатливо. Сепак, откако пандемијата ги промени правилата, луѓето работат од дома, едуцирањето на децата се врши дома, а социјалната дистанца го промени речиси секој аспект од нашиот нормален секојдневен живот.

Секоја индустрија имаше последици од пандемијата, па дури и грижата за децата. Родителите сега треба да прават баланс помеѓу вршењето на работните обврски од дома и онлајн-учењето на децата. Недостигот на грижа за децата предизвика вознемиреност кај повеќето родители. Како и во многу други индустрии и областа грижа за децата се насочи кон промени со цел задоволување на потребите на луѓето во време на пандемија.

Креативните дадилки и националните платформи во САД, како „Care.com“ и „SitterCity“, нудат услуги, но со запазување на мерката за социјална дистанца. Виртуелното бебиситерство се појави во добата на Ковид-19, а преку него можеби ќе има кој да ги замени родителите.

Што е виртуелно бебиситерство?

За разлика од традиционалното чување деца, каде што некој треба физички да биде присутен со детето, виртуелното бебиситерство е малку поразлично. Дадилката се приклучува на видеоплатформа и преку неа го забавува детето во одреден период од денот. Некои виртуелни дадилки, во зависност од возраста на детето, пеат песни или задаваат задачи за реализирање на некој проект, креираат куклени претстави или само зборуваат со детето. Многу од нив се артисти кои ги пренамениле своите кариери во согласност со сегашните услови. Изгледа чудно непознат да поминува време онлајн со вашето дете, но многу од родителите сега се под стрес, па на ваков начин си обезбедуваат краток период за одмор или за завршување онлајн-состанок.

Недостатоци на виртуелното бебиситерство

Разликите помеѓу виртуелното и традиционално бебиситерство се уочливи. Не може преку виртуелна присутност да го сопрете детето да направи нешто што ќе му го одвлече вниманието. Родителите повторно мора да го расчистат нередот од сите активности што ќе ги реализира детето со дадилката. Иако има некој што ќе го занимава детето додека работите, сепак, повторно е ваша обврска да подготвувате оброци, бањање и слично.
Она што во основа го добивате е малку време за себе, како и шанса детето да добие некаква разонода додека трае овој неизвесен период. Сепак, надзор од возрасно лице е потребен во секој случај, особено за најмалите деца, кои за кратко време го губат вниманието.

Дали вреди виртуелното бебиситерство?

Фактот што нешто е достапно не значи и дека секогаш е добро и дека одговара за секое семејство. Ако приходите на вашето семејство се поограничени од слободното време, плаќањето на друга личност за чување на детето и не е баш најдобра опција. Или ако едноставно детето се исклучува, а вие сепак мора да ја платите услугата – и тоа значи дека не морате да ја одберете оваа опција. Но, ако вашето дете е дружељубиво, ако сака да зборува со луѓе и сака да има можност да стапи во интеракција со други – тогаш можеби вреди да го испробате ова. Во друг случај, можеби е најдобро бабите и дедовците да ги вклучите на линија. Сепак, тие ќе го сторат тоа бесплатно.

Автор: Кристи Пар

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top