Повремено им викаме на децата. Родители кои никогаш не им викале на своите деца… дали постојат? И сепак знаеме дека ретко успеваме да ја постигнеме посакуваната цел. Еве зошто е тоа така.
Се сеќавате ли кога некој проблем во вашиот дом бил успешно решен со викање? Се разбира не. Или треба добро да размислите дали имало такви ситуации. Факт е дека знаеме оти викањето не функционира и дека ретко ја постигнуваме целта кога се обидуваме да ја постигнеме со викање. Сепак, барем понекогаш ни се случува да ги изгубиме нервите и да викаме, без да мислиме дека со тоа нема да постигнеме ништо. Но, знаете ли зошто е тоа така, зошто тоа викање „не функционира“?
Сите понекогаш сме лути, сите одвреме-навреме имаме некој гнев во себе кој мораме да го извадиме. Но, прашањето е што ќе правиме со овој гнев. Детето може да фрла храна на под или да се „фрли“ самото на под и да вреска, но ние возрасните сепак функционираме поинаку. Храната нема да ја фрлиме затоа што сепак треба да ја исчистиме подоцна, а не ни паѓа на памет да се фрлиме на под и да врескаме (иако можеби некогаш?).
И тогаш – викаме. Викаме кога не ни се допаѓа нешто, викаме кога мислиме дека не нѐ слушаат и дека треба да бидеме погласни, викаме кога сакаме да прекинеме некое однесување на нашите деца, викаме кога сакаме конечно да се помрднат и да направат нешто, кога сакаме да престанат да прават нешто… Викаме. И тоа не функционира. А еве зошто.
Децата не учат кога се во состојба на „борба или бегање“
Викањето не е ефикасен начин за промена на однесувањето, туку само начин да се ослободи гневот. Кога децата се плашат, тие се наоѓаат во состојба што ја нарекуваме „бори се или бегај“, а потоа нивниот центар за учење во мозокот едноставно се исклучува. Ова секогаш се случува кога доживуваме нешто што нашиот мозок го доживува како заканувачко. Кога им викаме на децата, ние сме закана за нив и нивниот мозок не може ништо да научи. Активни се само деловите од мозокот кои служат за одбрана и заштита.
Со викање детето чувствува дека не го цените
Секоја личност сака да се чувствува ценета и на сите ни е тоа заедничко. Според тоа колку се чувствуваме ценети, создаваме и сопствена вредносна процена. Со други зборови, вака проценуваме дали сме вредни за светот околу нас. Кога им викаме на децата, тие автоматски се чувствуваат помалку вредни, помалку ценети. Кога викаш, стануваш чекан, а с
Секоја личност сака да се чувствува ценета и на сите ни е тоа заедничко. Според тоа колку се чувствуваме ценети, создаваме и сопствена вредносна процена. Со други зборови, вака проценуваме дали сме вредни за светот околу нас. Кога им викаме на децата, тие автоматски се чувствуваат помалку вредни, помалку ценети. Кога викаш, стануваш чекан, а сѐ околу тебе се клинци. Тогаш и децата ни изгледаат како непријатели, а не суштества достојни за нашата љубов. Но, децата никогаш не треба да се чувствуваат така. Никогаш.
Викањето поттикнува анксиозност, депресија и ја намалува самодовербата
Децата на кои им викаат се склони кон анксиозност и депресија, а тоа го покажале различни студии. Децата понекогаш добиваат вознемиреност од нивните родители, а потоа начинот на кој реагирате на нивните грешки може да придонесе за понатамошен развој на анксиозност или, пак, смирување. Викањето, се разбира, никогаш не е смирувачко. Негативноста е буквално гориво за анксиозност и депресија, а истото викање создава вистинска експлозија на негативност која долго останува во умот на детето.

Викањето е пречка за поврзување
Викањето ја уништува вашата врска со детето, а тоа треба да биде врска која е полна со љубов. Кога му викате на детето, ниту еден од вас не може да чувствува емпатија кон другиот. Дополнително, викањето ќе резултира со тоа детето и вие да не сте во ист тим. На овој начин детето ќе ви пркоси, ќе се брани и на крајот ќе се дистанцира од вас. Нема да биде подготвено да се промени, нема да го разбира и прифаќа тоа што ќе му го кажете и нема да биде поврзано со вас.
Долготрајното викање има негативно влијание
Децата на кои често им се вика, долгорочно, постигнуваат полоши резултати на училиште и имаат проблеми со однесувањето, а тоа е докажано со различни студии. Според некои студии, викањето има ист ефект врз децата како и физичкото казнување, па дури и постои сомневање дека го менува начинот на кој се развива детскиот мозок. Секако, треба да имате на ум дека вашето дете нема да стане деликвент само поради викање. Зборуваме за долгорочно родителство со викање, но поентата е да се разбере дека тоа едноставно не е добро. Викањето не е ефикасен начин на комуникација. Доколку не им покажете на децата како да се справат со емоциите на вистински начин, тие нема да го научат или да го совладаат тоа Ако често викате, децата ќе почнат да претеруваат и кога ќе наидат на фрустрирачка ситуација. Со други зборови: тие што викаат, воспитуваат луѓе што ќе викаат. Децата го имитираат нашето однесување. Кога ние ќе викаме, и тие ќе имаат нагон да ни викаат. Размислете за тоа дали можете да се лутите на некој што се однесува со почит кон вас?
Автор: Наташа Крстичевиќ