Откако видеа на кои се прикажуваат наставници клекнати на колена како собираат банкноти од 1 долар за да ги опремат училниците станале вирални, корисниците на социјалните мрежи биле огорчени.

Во денешното издание на „живееме во буквален дистописки кошмар“, група наставници од Јужна Дакота ненамерно станаа вирални во текот на викендот. Тие присуствувале на собирање средства за хокеј-натпревар, кој наводно требало да помогне во поддршката на нивната потреба за материјали во училниците. Видеата од собирањето средства, организирани од хокеарскиот клуб „Сиукс Фолс“, покажуваат 10 локални учители како се мачат да зграпчат што повеќе банкноти од 1 долар за време на паузата од саботниот натпревар, при што луѓето брзо реагирале на настанот дека е длабоко дистописки и суров.

Локалниот тим бил домаќин на настанот „Цртичка за готовина“, поканувајќи ги навивачите на натпреварот да ја бодрат групата со наставници додека се собираат околу центарот на мразот, носејќи шлемови за хокеј и паѓајќи на колена за да соберат банкноти од 1 долар. Од вкупно 5.000 долари, тие колку што можеле, ги ставале парите во нивните кошули, џебови, панталони и чевли.

Репортерката Ени Тод споделила видеа од настанот на „Твитер“, па тие брзо станале вирални – иако не од причините од кои организаторите веројатно се надевале. Со оглед на тоа што наставниците во САД се недоволно платени во училиштата кои исто така се недоволно финансирани – сето тоа откако се приспособија на изминатите две години настава во услови на глобална пандемија и виртуелно и лично – не беше потребно многу долго време за видеата да соберат милиони прегледи, а многу луѓе го нарекле настанот – дехуманизирачки и дистописки. Некои го споредиле и со неодамнешниот хит на Нетфликс, „Сквид гејм“, во кој ликовите од корејската серија се натпреваруваат во смртоносни игри за да освојат огромна сума на пари.

Наставниците сакале да купат камери за употреба во училница, флексибилни седишта, како што се стоечки клупи или столчиња за стоење или спортска опрема за нивните тимови. Александрија Кајпер, наставничка од петто одделение во основното училиште „Дискавери“, изјавила: „Мислам дека е навистина добро кога заедницата нуди ваква можност за работи за кои образованието многу пати плаќа од џеб“.

Како информација, примачот со најголема заработка од настанот освоил 616 долари, додека најниска заработка е 379 долари.

Автор: Ариел Тшинкел

Извор



912

X