Училиштата во кои се работи на градење вештини за основање и одржување односи и врски со другите луѓе најдобро ќе ги подготват децата за идни успеси. Таквите вештини подразбираат комбинација на „меки“ вештини за помагање на индивидуите да се поврзуваат со другите и да формираат позитивни врски дома, на училиште и на работното место. Овие вештини се императив за учење способност преку која индивидуата ќе придонесе кон тимот и ќе изгради разбирање помеѓу себеси и другите.
„Основачко учење“ е процес кој треба да се одвива на почетокот од образованието на децата, а да биде фокусиран на градење емпатија, лидерство и комуникација. Сите овие вештини се одлични за иднината на децата, особено кога ќе влезат во светот на бизнисот. На тој начин, младите луѓе ќе ги научат и следните вештини: интерперсонални вештини, вербална и невербална комуникација, слушање, емоционална интелигенција и емпатија, вештини за поврзување, „тим билдинг“ вештини.

„Овој холистички развој влијае врз нивниот социјален, личен, интелектуален, емоционален и физички развој. Иднината на нашите деца ќе бара карактер и вредности кои се во иста линија со храброст, љубезност, отпорност и отвореност кон разлики, како и способност за размислување. Да ги „опремите“ младите луѓе со овие вештини за тие да се чувствуваат пријатно во сопствената реалност, треба да биде прв приоритет на училишниот систем“, смета Френк Рамбол, директор во „Куро Ривониа“, училиште во Јужноафриканска Република.
„Светот брзо се менува и потребата за учење никогаш не запира. Ова значи дека на новите генерации ќе им бидат потребни нови вештини за совладување за да си ги завршуваат работните обврски. Ако не ги научиме нашите деца како постојано да учат и да се надградуваат уште од рана возраст, тогаш не сме им направиле услуга, односно сме им наштетиле и не сме ги подготвиле за светот кој еволуира премногу брзо“, заклучува тој.
Автор: Наси Хако