Има многу работи што ме тераат да размислувам дали да имам деца. Едната од нив е фактот што со децата доаѓаат и многу трошоци, втората е колку време одзема родителството и третата работа е едно многу непопуларно мислење, а тоа е дека децата, особено малите, се лоши.

Ова е моментот кога многу мајки веројатно ќе речат „Не и моето дете“, но, да се разбереме. Детето има повеќе моменти во текот на денот кога може да биде навистина нељубезно.

Детето набљудува како сите се обидуваат да ги задоволат сите негови потреби и има чувство дека секогаш е во право. Исто така, децата излегуваат од утробата не разбирајќи дека удирањето друго човечко суштество не е прифатливо. Децата на таа возраст се лути и не можат да разберат зошто постојат правила. Но, тоа сè уште не го менува фактот дека тие често се лоши и нељубезни.

Постои една студија која го поткрепува ова и објаснува што е она што на крајот ги „омекнува“ децата и поттикнува алтруистичко однесување.

Во 2006 година една студија покажала дека спроведувачот на експериментот му дофрлал топка на дете за тоа да стекне доверба во него. Во одреден момент, спроведувачот на експериментот се преправал дека случајно удрил во нешто од масата. Тестот требало да покаже дали детето ќе помогне со тоа што ќе го подигне удрениот предмет и дали разговорот и градењето врска е она што го предизвикало алтруистичкото однесување.

Отсекогаш било големо прашање дали сме родени како алтруисти или тоа е нешто што го стекнуваме од нашата околина, се вели во студијата. Многу психолози веруваат дека тоа е еволутивно корисна адаптација, бидејќи тоа значи оти другите во вашата „група“ ќе внимаваат на вас, со што ќе се обезбеди сигурност и поголеми шанси за преживување.

Во новиот експеримент, спроведувачот на експериментот играл со една топка, а детето си играло со сопствена топка. Тие разговарале меѓусебно додека играле одделно, а потоа спроведувачот на експериментот соборил нешто од масата и набљудувал дали детето ќе го земе предметот или не.

На крајот, децата што си играле со спроведувачот на експериментот имале три пати поголема веројатност да ги кренат предметите отколку децата со кои спроведувачот воопшто не бил во интеракција. Што значи ова? Па, порано научниците мислеле дека бебињата се раѓаат со вроден алтруизам, но оваа студија докажува дека децата не се раѓаат со желба да им помагаат на другите.

Наместо тоа, теоријата повеќе се потпира на блиските односи отколку на она што ни го дала природата како карактеристика. Мора да изградите доверба со децата на некој начин.

Автор: Никол Вивер

Извор



912

X