Владата ги усвои барањата на 13 училишта за организирање настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.

Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и дала согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта.

Пет од училиштата се во општина Врапчиште – подрачните „Наим Фрашери“ и „Сали Лиси“ во населените места Галате, Калиште Ѓурѓевиште, Ломнице и Топлица; во Дебар согласност доби подрачното училиште „Пенестија“, во Кичево „Милто Гура“, во Прилеп „Страшо Пинџур“, во Петровец училиштето „Кочо Рацин“, во Сопиште трите подрачни училишта „Драга Стојановска“ и во Чешиново-Облешево подрачното училиште „Страшо Пинџур“.

Комисијата даде делумна согласност за основното училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.



912

X