Кога станува збор за исхраната на трудниците, важно е таа да биде разновидна, богата со влакна, протеини, минерали и витамини. Нервниот систем на бебето се развива од моментот на зачнувањето, а фолната киселина е исклучително важна за правилен развој. Една од намирниците што е богата со фолна киселина се урмите, па доколку планирате бременост или веќе сте во првото тримесечје, посегнете по суви урми за да обезбедите доволно од оваа хранлива состојка.

Урмите се богати и со витамин К, кој е важен во првите три месеци за бебето бидејќи помага во создавањето и апсорпцијата на витаминот Д. Затоа, доколку мајките јадат урми пред и по породувањето, ќе му пренесат одредена количина од овој витамин на бебето преку млекото. Богати се и со железо, што го намалува ризикот од анемија за време на бременоста, но и за време на закрепнувањето од породувањето, особено кога започнува крвавењето.

Една од поплаките на трудниците се грчеви во мускулите и низок крвен притисок. Урмите содржат калиум кој го регулира составот на водата и солта во организмот, а неговиот недостиг може да доведе до проблеми со бубрезите.

Друга предност што може да ја добијат трудниците доколку се засладат со урми е регулирањето на опстипацијата, како и надуеноста, што е честа поплака на идните мајки. Урмите се богати и со магнезиум, кој е важен за развојот на коските на фетусот и им помага на трудниците да го регулираат крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

Некои истражувања покажале и дека трудниците што јадат по 6 урми дневно во последниот месец од бременоста имаат полесно и побрзо породување, а според резултатите на истражувачите, нивното породување ќе трае дури седум часа помалку. Тие претпоставуваат дека некои од состојките во урмите го стимулираат лачењето на окситоцинот, кој ја стимулира матката да се собира и на тој начин го олеснува породувањето. Ова е причината зошто урмите не се препорачуваат од второто тримесечје, бидејќи некои веруваат дека можат да предизвикаат предвремено породување.

Извор



912

X