Постарата генерација секогаш ќе вели дека денешните деца се разликуваат од нив кога биле како деца. Сè се менува, а и децата. Сепак, иако многу промени се добредојдени и позитивни, има и такви што нѐ тераат да се запрашаме дали сме тргнале по погрешен пат…

Иако во последно време често се зборува за недостигот на одредени вештини кај децата, кои се неопходни за образованието, всушност, имаме многу поголем проблем со однесувањето на децата на училиште, но и воопшто – со пристојното однесување. А длабоко во себе всушност знаеме дека ова е многу блиску до вистината…

Образовните работници се најмногу свесни за оваа вистина. Наставниците и професорите одамна сфатија дека е сѐ потешко да се одржува редот во училниците. Иако секогаш се бара оправдување за сè, па секаде во светот стана вообичаено да се каже „ааа, па, ковид малку нѐ зезна“, проблемот е всушност многу подлабок.

Една учителка со долгогодишно искуство објавила видео на својот профил на „Тик-ток“ во кое зборува за проблемот со однесувањето и учтивоста на децата во училницата, а вели дека проблемот не е предизвикан од ковид, туку проблемот е многу подлабок, културолошки.

Лиза Конселаторе, учителка со 24-годишно искуство во Америка и Европа, своето видео го насловила: „Вашите деца не се посебни“.

@lisaconselatore #tiredteacher #enough #raisingkids #timetolisten #supportteachers #culturetalk #culturecheck #teachersoftiktok #teachersontiktok #teaching2023belike ♬ original sound – Lisa Conselatore

„Ги воспитавме децата да мислат дека се најважната личност во секоја соба“, предупредува учителката. „Тие се толку посебни што она што сакаат да го прават, она што го мислат или што сакаат да го кажат е најважно во тој момент. И мислат дека можат да го кажат тоа. Дури и ако возрасен зборува во тој момент. Она што тие имаат да го кажат е она што треба да се слушне. И тоа е проблем. Ние не им правиме услуга со тоа што ги воспитуваме така“.

Учителката напоменала дека не мисли оти децата не се посебни и дека секое дете е посебно, но не може секогаш и во секоја ситуација да биде најважно. „Знам дека вашите деца се посебни за вас. Знам дека моите деца се посебни за мене“, вели учителката. „Сите мораме да се почитуваме, а дел од меѓусебното почитување е да се препознае кога можеме да придонесеме за нешто и кога треба да седнеме и да ги отвориме ушите. Тоа не сме го совладале. Погрешивме“.

Многу родители ќе речат дека тоа навистина не е така и дека претходниот однос кон децата не бил правилен, дека децата се вредни и треба да се слушаат и дека училишниот систем не е многу добар и приспособен на нив… и стотици други оправдувања кои ги вадат од ракав. Но, факт е дека оваа учителка погодува токму во срцето на проблемот.

„Погрешивме во сè. Погрешивме во тоа како децата треба да го разбираат своето место во светот, кое е нивното место во семејството. Тие се ваши пријатели. Вие не сте главни, бидејќи сите сте еднакви. Тие потоа доаѓаат на час и мислат дека се главни. А, не се. Не правете им ја таа услуга“, зборува јасно и гласно учителката.

Сепак, таа се обидува да им даде совет на оние што сакаат да слушаат:

„Научете ги кога да слушаат, како да зборуваат наизменично, да зборуваат кога е соодветно, кога имаат што да кажат и кога ќе дојде нивниот ред. Да ја преиспитаме нашата семејна култура , нашата социјална култура. Затоа што ова не е добро, не е во ред“, заклучила.

Извор



912

X