Директорот Џејсон Смит му пришол на еден од учениците во 8. одделение кој одбил да ја извади капата на час и смислил креативно решение. Ученикот, Ентони Мур, му објаснил на Смит дека не му се допаѓа неговата фризура и се надевал дека може да ја задржи капата на главата и покрај правилата на училиштето за забрана за носење капа. Иако тој сметал дека неговата фризура била прифатлива, сепак, ги разбрал грижите на ученикот.

– Берберниците и фризурите на црните мажи се навистина важни во таа заедница и имањето добра фризура е навистина културолошки аспект. Поаѓам од себе, доаѓајќи од таа култура, и навистина мислам дека на младите им е важен изгледот. Тој беше исплашен дека ќе му се смеат, иако ние мислевме дека никој нема да забележи – вели Смит.

Наместо да добие дисциплинска мерка, Смит му рекол на Ентони да земе ножички и дека ќе се обиде да му ја поправи фризурата. Сепак, имал години искуство во таа работа. „Му реков: Гледај, јас сум потстрижувал уште од периодот кога бев на твои години – па му покажав фотографии од фризурите на мојот син што јас сум му ги направил, како и од себеси додека бев на колеџ. Па му реков: Ако земам ножици од дома и ја поправам твојата фризура, дали ќе се вратиш на час без капа?“

Мур се двоумел на почетокот, но се согласил откако и неговите родители се согласиле. „Ја средивме фризурата и тој се врати на час. Моето искуство во таа работа се покажа како корисно“, вели Смит. Фотографијата на која се гледа Смит како му ја средува фризурата на ученикот станала вирална на социјалните мрежи, а многумина упатуваат пофалби кон Смит што соодветно ја решил ситуацијата наместо да го испрати ученикот дома или да го суспендира.

„Браво за директорот кој го разбира значењето за важноста на изгледот и влијанието на самодовербата на таа возраст“, пишуваат корисниците. „Одличен лидер“, додал друг корисник. „Одлична приказна! Да се одвои време и да се открие вистинската причина за проблемот… бесценето“, се нижат коментарите.

Смит изјавил дека продолжил да го проверува ученикот по средувањето на косата, дали е задоволен, и открил дека тој воопшто веќе не ја ставил капата.

– Сè се сведува на комуникација и кога ученикот има некој проблем, мора да се прашаме што му се случува на детето наместо да мислиме дека нешто греши. Детето само се обидува да добие поддршка, па иднината на урбаната едукација мора да биде заснована на тоа – заклучил Смит.

Автор: Џејсон Дуејн Хан

Извор



912

X