Бременоста предизвикува многубројни промени кои, меѓу другото, се случуваат и во мозокот, а со цел новопечените мајки полесно да се поврзат со бебето.
Експертите велат дека бременоста влијае врз церебралниот кортекс, односно врз надворешниот слој на сивата материја кој има важна улога при обработката на информации.
Реструктурирањето на мозокот започнува пред породувањето, а се установи дека колку повеќе ќе се промени мозокот на мајката, толку посилна ќе биде нејзината врска со бебето, бидејќи таа станува почувствителна на фацијалната експресија на новороденчето.

Претходните истражувања покажале како се менува мозокот на мајката во постнаталниот период, но истражувачи од Универзитетот во Торонто први ги анализирале промените на мозокот во текот на бременоста.
Откритијата фрлаат нова светлина врз феноменот наречен „труднички мозок“ кој ги „обвинува“ жените дека се заборавливи и многу емотивни во текот на бременоста. Експертите имаат теорија дека мозокот станува таков за новопечените мајки да можат да се фокусираат на грижата за бебето, а помалку на другите работи.

За потребите на студијата, научниците анализирале 39 бремени жени на возраст од 22 до 39 години, кои двапати доаѓале за истражувањето- еднаш во третото тримесечје од бременоста и еднаш меѓу третиот и петтиот месец по породувањето.
И двата пати им била мерена мозочната активност и биле забележувани мозочните бранови додека гледале четири блока по 40 среќни и тажни лица на бебиња и возрасни.

Во текот на првата посета жените одговарале и на прашањето дали имаат симптоми на анксиозност или депресија, а при втората им биле поставувани прашања за создавањето врска со бебето.
Од овие извештаи научниците можеле да одредат какви било промени на мозокот од пренаталниот до постнаталниот период. Тие откриле дека жените чиј мозок имал повеќе активности како одговор на гледањето бебешки лица од бременоста до мајчинството развиле посилна врска со бебето, во споредба со жените чии мозочни активности не се зголемиле.

– Нашите истражувања ја поддржуваат идејата дека мозокот се менува и поинаку одговара на потребите на бебето, од бременоста до мајчинството, а кај некои жени тие промени се поголеми отколку кај другите . Тие варијации во промените се поврзани со создавање емоционални врски меѓу бебињата и мајките – вели д-р Дејвид Хели, автор на студијата и професор по психологија.

 



912

X