Во денешно време, за жал, често забораваме колку е важен развојот на независноста на детето. Причините се многубројни. Тоа може да биде преоптоварување со обврски, постојана трка со времето, примена на системот „полесно е“… Во таква средина се случуваат грешки, па родителот често сам ќе го облече детето кога брзаат за во градинка или ќе го нахрани кога ќе одбие да јаде. Иако детето е способно самостојно да врши практични активности или е во фаза на нивно совладување, понекогаш нема да чекаме да ги изврши, па ќе му помогнеме. Предизвиците во детството се многубројни, па честа е и појавата на страв и несигурност при преминување улица, самостојно движење или одвојување од родителите.

Како да се реши проблемот?

Не е лесно, но возможно е ако се придржуваме до некои основни принципи. Решението може да биде со примена на три чекори.

Дајте му го на детето времето што му недостига за самостојно да прави активности

Доволни се неколку минути за почеток, а подоцна постепено зголемување на времетраењето на активноста. Одвојте минута или две од спиење, играње или некоја друга дневна рутина. Тоа време сега дава нова можност за вежбање независност при облекување, обување чевли, подготовка за излегување од дома. Детето има време да прави грешки и да се обиде повторно.

Вежбање внимание

Кога детето излегува од дома, треба да внимава на светот околу него. Ова можеме да го практикуваме со кратки прашања, на пример: „Дали девојчето што помина покрај нас имаше шал?“, или „Дали чичкото што помина имаше мустаќи?“… Оваа игра треба да биде забавна, а подоцна детето може да им поставува прашања на родителите. Исто така, играта може да се прошири и на изгледот на зградите и другите детали од околината. Важно е детето на овој начин да го тренира своето внимание за да не биде само пасивен учесник во настаните. Ако се возиме во автомобил или автобус, можеме да ја приспособиме играта внимавајќи на станиците, свиоците, бројот на семафори, броењето дрвја, куќи или згради…

Вежбање преминување улица со и без семафори

Прво преку играта ја организираме саканата активност. Цртаме или правиме модели, опишуваме слики или си играме со конкретни предмети, како што се количиња. Потоа демонстрираме преминување улица во реалниот живот, со родителите како активни учесници, во форма на поддршка. Потоа родителите се само набљудувачи и конечно детето само ја преминува улицата. Целиот процес ги опфаќа сите делови од активноста, гледање лево-десно, одење по зебрата, преминување (доколку се работи за пешачки премин без семафор) или следење на светлата на семафорот, како и да се биде внимателен при условно вртење (доколку се работи за регулиран пешачки премин семафори). Мали задачи на пат – според возраста. Поздравување на минувачите, мавтање итн.

Сето ова, и многу други активности, бараат многу малку од нашето внимание и ангажман за резултат кој е навистина важен.

Автор: Александра Бокун, дефектолог

Извор



912

X