Воспитување

Кои периоди се клучни за формирањето на карактерот

Со оглед на тоа дека се занимавала со детскиот развој, од раѓањето па до рана адолесценција, Марија Монтесори набљудува три периоди како клучни во формирањето на карактерот.

Најважното искуство што Марија Монтесори го имала во својата работа е постигнување нормализација кај детето. Поим кој во педагогијата означува феномен кој се раѓа кај детето тогаш кога тоа длабоко, со целата своја личност се концентрира на активноста што само ја избрало.

Монтесори смета дека волјата и послушноста се делови на еден ист феномен и дека детето поседува вродена мотивација за сопствено самоизградување. Природниот развој на послушноста има три стадиуми.
Во првиот стадиум детето слуша само повремено, не секогаш. Послушноста на детето во овој развој зависи од развојот на неговите способности. Послушноста и непослушноста одат рака под рака. Вториот степен детето го достигнува тогаш кога ќе му појде од рака да се потчинува на барањата секојпат. Неговите способности се зацврстени, па со нив може да управува со својата волја, но и да влијае врз друго дете. Третиот степен на послушност е оној во кој детето се покорува на подготвеноста, како да е нестрпливо нешто да направи. Подготвеноста да се послуша е насочена кон некоја личност, обично кон воспитувачката. Детето станува нестрпливо и сака да послуша, а тоа му причинува радост.

Ова се трите периоди на развој што Монтесори ги смета за клучни во формирањето на карактерот:

– до 6 години – време на создавање, кога детето не разликува добро од лошо, тогаш се поставуваат темелите на карактерот. Период на небалансирана енергија и интензивен напор кај детето, тоа е дури од шестата година приспособено на времето и на средината на која припаѓа, способно да разбира и да расудува.

– од 6 до 12 години – детето станува свесно за правилното и погрешното и ја обликува својата морална свест која подоцна доведува и до социјална свест.

– од 12 до 18 години – се создава чувство на љубов кон државата, припадноста на нацијата и се поставуваат темели за зрел период на една возрасна единка, со посебен карактер, целосно подготвена за корелација со други карактери.

Во однос на оваа поделба, изградила систем на однесување, интелигенција, напредок и формирање на карактерот. На детето не му е потребно ни заканување, ниту ласкање, само му се потребни нормални услови за живот. Нарушувањата на карактерот тогаш исчезнуваат сами од себе, смета Монтесори.

Денес во светот многу училишта својата работа ја засноваат на методите на Монтесори. Нејзиниот син основал и институт кој го носи нејзиното име, како своевиден продолжеток на убавата традиција на воспитување и образование по примерот на Марија Монтесори.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top