Семејствата обезбедуваат чувство на припадност и поддршка, но можат да станат и извор на конфликт. Овие конфликти обично произлегуваат од недоразбирања, нерешени проблеми или едноставно различни вредности.
Како семеен советник, Џефри Бернштајн објаснува дека клучот за надминување на овие предизвици е разбирањето на причините за напнатоста и учењето како да ги решите на поздрав начин.
Според Бернштајн, ова се трите најчести причини за семејни конфликти и нивните решенија:
Нерешени проблеми од детството
Понекогаш тензиите во семејството произлегуваат од старите рани од детството. Можеби се работи за ривалство помеѓу браќата и сестрите, чувството на запоставување или неисполнетите очекувања од родителите.
-Да ги земеме за пример Оливија и Сајмон – сестра и брат во нивните 30-ти години. Оливија, која беше „златната ќерка“, не сфати дека нејзиното однесување го натера Симон да се чувствува запоставен. Тој детски гнев сè уште беше присутен меѓу нив – вели Бернштајн.
Еве како да го ублажите конфликтот:
-Отворена комуникација: важно е да се создаде безбедна средина за искрени разговори (замислете дека Оливија му вели на Сајмон: „Не знаев колку те повреди моето однесување и се извинувам.“) Малку емпатија може да направи чуда во заздравувањето на старите рани.
-Терапија или медијација: ако проблемите се подлабоки, семејната терапија може да помогне да се решат проблемите на попрофесионален начин.
-Заеднички искуства – повторното поврзување преку позитивни семејни активности, како што се семејните одмори, може да помогне да се создадат нови спомени и да се започне одново.
Финансиски проблеми
Парите можат да бидат огромен извор на напнатост во семејствата. На пример, Џеред е успешен адвокат, а неговата мајка Марта живее со фиксен приход. Џеред се чувствува одговорен за нејзиниот опстанок, но тој е фрустриран што таа не ги планира своите финансии. Од друга страна, Марта негодува за осудувањето од страна на нејзиниот син.
Еве како да ја ублажите таквата ситуација:
-Поставување граници: јасната комуникација за финансиските очекувања може да спречи недоразбирања. (Џаред може да рече: „Сакам да ти помогнам, но треба и ти да работиш на буџетот“.)
-Заедничко буџетирање: можат да седнат заедно и да направат заеднички буџет за да има транспарентност и да нема несогласувања.
-Емоционална поддршка: не е сѐ во парите. Понекогаш едноставното потсетување на вашето семејство дека се грижите за неговата благосостојба може да значи многу.
Различни животни одлуки
Како што старееме, нашите патишта понекогаш се разминуваат, а тоа може да предизвика тензија во семејството. Земете ја на пример Рејчел, која решила да ја напушти својата работа и да се посвети на сликањето. Нејзиниот татко Ричард сметал дека тоа е неодговорна одлука.

Еве како да ублажите ваква ситуација:
-Почитување на разликите: дури и ако не го разбирате туѓиот избор, важно е да го почитувате. (Ричард може да се потсети: „Најважна е среќата на Рејчел.“
-Славење на индивидуалноста: охрабрување на членовите на семејството отворено да ги споделат своите одлуки. (Рејчел можела да му ја објасни својата страст за сликање на нејзиниот татко, што би му помогнало подобро да ја разбере нејзината одлука.)
-Приспособување на очекувањата: важно е да се препознае дека саканите може да тргнат по различни патишта, а истовремебо да ги почитуваат семејните традиции.
Совети за управување со семејни конфликти
Еве како да управувате со семејните конфликти:
Останете смирени – кога ќе се зголемат тензиите, одвојте момент и отстапете пред да одговорите.
Активно слушање – слушајте внимателно без да прекинувате за да ја разберете перспективата на другата личност.
Компромис и флексибилност – понекогаш е поздраво да се согласите дека не се согласувате.
Редовно проверување – одржувањето на отвореноста во комуникацијата може да спречи проблемите да останат нерешени.
Со разбирање на овие вообичаени извори на семејни конфликти и примена на стратегиите наведени погоре, семејствата можат да ги надминат тензиите и да изградат посилни, поддржувачки односи.
Автор: Томислав Станиќ
912