Сигурно сте ги слушнале препораките на многумина дека секогаш треба да ја промените четкичката за заби откако ќе заболите од настинка, грип или која било друга болест. Дали тоа е навистина потребно, особено ако имате деца кои почесто имаат настинки?

Сигурно мислите дека е логично оти бактериите можат да предизвикаат вашата болест да ја контаминира четкичката за заби кога ја користите. Можеби се грижите дека повторно ќе се заразите. Добрите вести се дека работите не функционираат на тој начин.

Зошто не треба да се грижите за бактериите што остануваат на четкичката за заби

Иако е вистина дека на четкичките се собираат бактерии, многу малку е веројатно дека повторно ќе се разболите ако не ја промените четкичката по прележана болест. Нашите тела имаат природен одбранбен систем против бактериите, наречен имунолошки систем. Изложени сте на бактерии и вируси константно, но вашиот имунолошки систем е способен да се бори со повеќето од нив.

Всушност, вашиот имунолошки систем гради одговор на настинка или грип преку создавање антитела против вирусот што напаѓа. Овие антитела ве заштитуваат од повторно заразување. Затоа, бактериите на вашата четкичка за заби нема да ве заразат повторно. Вашата уста природно содржи многу бактерии што не создаваат зараза. Сепак, придонесуваат за кариес на забите ако им е дозволено да се шират на вашите заби повеќе часови. Со четкањето на забите тие се разградуваат, па киселината што ја создаваат не им штети на забите. По четкањето, повеќето се плакнат кога ја миете и вашата четкичка, а оние што остануваат не би требало да прават штета.

Што треба да направите?

Американската асоцијација за орално здравје ги дава следните препораки:

– Менувајте ја четкичката за заби на секои три до четири месеци или кога влакната ќе почнат да се истечуваат и да се шират. Децата треба почесто да ги менуваат бидејќи додека учат како правилно да ги четкаат забите, знаат силно да ја притискаат четкичката.
– Луѓето со ослабен или загрозен имунолошки систем треба да ја менуваат четкичката почесто, вклучително и по болест.
– Измијте ја четкичката со вода по употреба и поставете ја на некое место каде што воздухот е сув.
– Не покривајте ја четкичката и не ставајте ја во заштитно капаче. Toa предизвикува раст на микроорганизми.
– Не делете ја вашата четкичка за заби со друго лице.

Асоцијацијата не препорачува да се користат какви било продукти за дезинфекција на четкичките за заби. Речиси и да нема таков продукт кој им овозможува на потрошувачите да ја „стерилизираат“ четкичката за заби.

Потопувањето на четкичката во антибактериска течност може да го намали бројот на бактерии на четкичката. Иако со ова не се покажало дека се подобрува оралното здравје или дека се намалуваат шансите да се разболите, не штети. Само  редовно менувајте ја четкичката, кога и да забележите знаци дека веќе не е за употреба.

Автор: Кристина Дуда



912

X