Пациент кај кого е направена интервенцијата раскажува за своето патешествие, за тоа како живеел со ваков визуелен, но и функционален проблем триесетина години, по што конечно го нашол спасот

Вдлабнат граден кош или пектус инфундибилиформе-екскаватум е најчест вроден деформитет на градниот кош. Во ваков случај најчесто неколку ребра од градната коска растат абнормално, правејќи конкавитет (вдлабнување) на предниот ѕид од градниот кош и стернумот.

Постојат неколку хируршки техники за корекција на градниот кош, меѓу кои и минимално инвазивната процедура на Доналд Нус, која од 1987 година наоѓа сè поголема примена во секојдневната практика, која ја практикува и клиничката болница „Жан Митрев“.

При оваа процедура со помош на метални шипки кои се нарекуваат бар-ови се влегува од едната до другата страна на градниот кош на висина на деформитетот и со свртување на шипката се поткрева градниот кош и со тоа се коригира.

При деталното испитување и процена за степенот на пектус деформитетот се прави нативна компјутерска снимка (која служи да го објективизира компресивниот ефект врз белите дробови), потоа спирометрија (со која пак се проценува функционалното нарушување на белодробието). Ехокардиографското испитување е значајно за да се процени компресивниот ефект врз десната комора и десната преткомора на вдлабнатиот преден дел на стернумот. Воедно со ехокардиографскиот преглед треба да се исклучи евентуално постоење на миксоматозни промени на самите залистоци на митралната валвула и евентуално нарушена функција на истата. Од ова е и евидентно дека хируршката корекција на овој деформитет не е само козметичка, туку и превентивна процедура за трајни и тешки последици на белодробната и срцевата функција кај детето во развој.

По корекцијата на градниот кош бар-шипките како остеосинтетски материјал се носат неколку години и потоа се вадат. Корекцијата е трајна. Во текот на првите 2-3 месеци се поштедува од физичка активност и носење товар, а потоа лицето се враќа во сосема нормален живот.

Во „Жан Митрев“ досега се коригирани над 20 вакви случаи на пациенти на возраст од 9 до 35 години. Пациентите најчесто се од земјава и пошироко од регионот, Хрватска, Косово и еден пациент од Велика Британија, кој неодамна си замина во својот дом по вадење на пектус барот што му беше ставен во нашата клиника во август 2014 година.

Промената што ја имаше направено овој бар во градниот кош на овој пациент беше навистина успешна и видлива. Градниот кош сега е без вдлабнатини, сосема природно изгледа и со максимално уредна функција.

Пациент кај кого е направена интервенцијата раскажува за своето патешествие, за тоа како живеел со ваков визуелен, но и функционален проблем триесетина години, по што конечно го нашол спасот.

– Замислете како може да живее еден млад човек со ваков деформитет на градниот кош. Замислете колкав физички, но и психолошки притисок ми правеше сите овие години. Кога се гледам во огледало, се восхитувам на она што го направи д-р Жан Митрев. Јас сега живеам и работам во Италија, инаку сум од Велика Британија. Уште во мојот првичен дом, во Лондон, читав за оваа операција и бев решен да дојдам токму тука и да го решам овој проблем. Така и се случи кога во 2014 година дојдов и ми беа поставени шипките во градниот кош, по што сè досега траеше нивното носење и, според планот, дојдов да ми ги извадат. Иако првиот пат имав малку болки поради имплантот, сега целата процедура помина многу поедноставно. Задоволен сум генерално од сè. Се чувствувам одлично, за што помогнаа сите, целиот персонал, кој во ниту еден момент не ме остави сам. Навистина овде пациентот е на прво место – вели пациентот.

(Комерцијална објава)

Фото: „Жан Митрев“



912

X