Здравје

Топломерот може да биде расадник на опасни вируси и бактерии

Топломерот, кој не се дезинфицира по секоја употреба, може да биде вистински расадник на вируси и бактерии. Иако има сè повеќе инструменти од новата генерација, кои не бараат директен допир со кожата, некогаш тоа е неопходно, па затоа е важно топломерот да биде и максимално чист.

Секој треба да има свој топломер

Експертите препорачуваат секој од членовите на семејството да има свој топломер и посебно внимание да се обрне на чистотата на овој инструмент. Се препорачува дезинфекција со алкохол. Со чистењето на топломерот секојпат, пред и по употреба, според зборовите на инфектолозите, се намалува ризикот од инфекција.

Како да се дезинфицира топломерот

Пред дезинфекција на топломерот задолжително добро измијте ги рацете со вода и сапун или дезинфицирајте ги со средство за дезинфекција. Експертите даваат предност на класичното миење на рацете со топла вода и сапун, особено ако рацете ви се валкани. По миењето на рацете, избришете го топломерот со памучна крпа или памук натопен во алкохол. Препорака е да користите 60-процентен алкохол. Доколку користите посовремен модел, обрнете внимание на дигиталниот дел од топломерот за да не го потопувате во вода. Задолжително на крајот оставете го топломерот да се исуши на воздух. Се препорачува дезинфекцијата да се прави пред и по секоја употреба.

Closeup of thermometer

Орални и ректални топломери

Телесната температура може да се мери под пазувите (аксиларно), а попрецизни резултати дава оралното или ректалното мерење. Времето на мерење на температурата под пазувите треба да биде минимум 5 минути. Мерењето преку анусот (ректално) е најдобро и погодно кај бебиња и мали деца. Американската академија за педијатрија вели дека ректалните топломери се најточни и се препорачуваат за употреба кај деца до четвртата година. Оралните и ректалните топломери ја допираат слузницата, па затоа е важно добро да се дезинфицираат. Совет на лекарите е баш поради ова да имате посебни орални и ректални термометри, дури и ако на амбалажата пишува дека се погодни за двете намени. Најдобро е, ако се исти, да ги обележите за да не ги измешате.

Што е особено важно?

Калифорнискиот специјалист за заразни болести Јави Сидику препорачува употреба на антибактериски сапун за чистење на ректалниот термометар. Заради сигурноста, тие топломери би требало да се измијат 2 пати. Потоа ректалниот топломер добро да се исуши со чисто хартиено марамче, а потоа да се дезинфицира со алкохол. Добра идеја е да ги проверите и насоките од произведувачот, бидејќи може да препорачаат одреден вид дезинфициенс, како што е раствор од јод или глутаралдехид. Многу е важно сушењето бидејќи на тој начин се дезинфицира и топломерот. Кога дезифициенсот ќе се исуши, топломерот измијте го со студена вода, а потоа избришете го со суво хартиено марамче.

Топломер за уши

Ушните топломери имаат мал сензор кој се внесува во ушниот канал. Може да се набават и еднократни навлаки кои се ставаат преку сензорот. Доколку немате навлаки, се препорачува дезинфекција со 60-процентен алкохол.

Топломерите дезинфицирајте ги пред и по секоја употреба, дури и ако немате покачена температура.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top