Психолошките проблеми на детето може да се резултат на детските трауми на родителите
Голема е веројатноста родителите кои имале многу трауматски или стресни искуства во нивното детството, да имаат деца со проблеми во однесувањето, покажуваат резултатите од научната студија направена од тимот на д-р Адам Шикеданц, педијатриски истражувач на Пколата по медицина при Универзитетот Калифорнија во САД.
Во тие негативни искуства на родителите за време на нивното детство се вбројуваат поминувањето и соочувањето со разводите на нивните родители, моентални болести или наркоманија кај нивните родители, или пак страдање од сексуална, физичка или емоционална злоупотреба.
Овие детски искуства се поврзуваат со она што во науката е познато како „токсичен стрес“ или абење, трошење на телото, што води до физички и ментални здравствени проблеми кои често продолжуваат од една на друга генерација. Но точниот ефект од тие трауми на родителите врз однесувањето и вез емоционалното здравје на нивните деца не е целосно сфатен.
Хиперактивност, ментални и емоционални проблеми
Во оваа студија на медицинската школа на Универзитетот Калифорнија истражувачите испитувале колку различни типови на Негативни детски искуства – НДИ биле претрпени од родителите на 2.529 деца и колку често тие деца доживувале емоционални проблеми или имале проблеми во однесувањето и со вниманието.
Во споредба со децата чии родители не доживеале никакви НДИ, 44 отсто од децата чии родители поминале низ некој вид несакани искуства во своето детство, имаат поголема веројатност да се хиперактивни. Исто така, кај 56 отсто од децата на родители кои имале НДИ има поголеми шанси за проблеми со емоционалното или менталното здравје, се вели во студијата.
Кога родителите доживеале најмалку четири НДИ, нивните деца имале двојно поголема веројатност за хиперактивност и четири пати поголема веројатност за емоционални или ментални здравствени проблеми.
-Ова покажува еден начин на кој сите ние си ја носиме нашата историја со нас, што, според резултатите од нашето истражување, се одразува на нашето здравје и на здравјето на нашите деца. Со оглед на тоа дека здравото детско однесување е толку силно под влијание на сериозните стресови во формативните врски и искуствата на нивните родители, сугерира дека инвестициите направени сега за да се спречи катастрофата во детството може да доведат до тоа трајно да се отстрани тоа влијание да се пренесува низ генерациите – вели авторот на студијата д-р Адам Шикеданц.
Искуствата на мајката имаат поголемо влијание
Искуствата на мајките, се вели во студијата, изгледа дека имаат поголемо влијание врз здравјето на децата од воспитувањето на татковците. Кога мајката била изложена на НДИ за време на детството, веројатноста нејзините децата да бидат хиперактивни е 85 отсто, а веројатноста да имаат емоционални или ментални здравствени проблеми е дури 92 отсто. Ако мајката имала најмалку четири НДИ, веројатноста за хиперактивност кај нејзите деца е тројно поголема, а веројатноста за емиционални или ментални проблеми е петкратно поголема.
Со татковците е сосема поинаку. Ако таткото имал едно до три НДИ за време на детството, тоа не го зголемува ризикот од од хиперактивност, од проблеми во однесувањето или од проблеми со менталното здравје кај неговите деца. Но, кај децата на татковците кои имале четири или повеќе лоши искуства во своето детство, веројатноста за хиперактивност е 29 отсто и два пати поголема дека ќе имаат проблеми во однесувањето или со менталното здравје.
Што велат докторите кои не учествувале во студијата
Оваа студија не била контролиран експеримент направен за да докаже дали или како родителското искуство во детството би можеле директно да влијае на физичкото или менталното здравје на нивните деца. Друго ограничување е дека истражувачите не беа во можност да ја проценат индивидуална отпорност на неволји, што може да влијае на тоа како НДИ влијаеле на родителите или како овие искуства влијаеле на следната генерација, се предупредува во студијата.
-И покрај тоа, резултатите даваат докази кои укажуваат на тоа дека НДИ може да имаат долготрајни ефекти врз семејствата низ цела генерација – вели Алонзо Фолџер, истражувач на Универзитетскиот колеџ за медицина во Синсинати во Охајо, кој не учествувал во студијата.
Меѓу другото, додава Фолџер, хроничната изложеност на НДИ во текот на детството може да им отежни на родителите да се поврзат со децата и да се справат со нормалните, но често стресни и емоционално оптоварувачки однесувања на доенчиња и мали деца.
-Ние се повеќе ја препознаваме вознемирувачката природа на токсичниот стрес предизвикан -несакани неволји во детството, како и раната интервенција по решавање на тоа прашање, вели Фолџер.
По ова истражување, д-р Рикардо Кинонез, шеф за детска медицина во „Детска болница Тексас“ во Хјустон, кој исто така не е дел од истражувачкиот тим, советува дека родителите треба да му кажат на докторот на нивното дете за било која семејна историја на НДИ, а ако родителот не сака да зборува за тоа, тогаш педијатрите треба да почнат разговорна таа тема
-Оваа дискусија може да доведе до рани интервенции за спречување на негативните последици по менталното здравје кај нивните деца – вели Кинонез.