Сè уште живееме во општество каде што во филмовите и во реалниот живот го прифаќаме фактот дека луѓе се шегуваат кога на пример братот ја убедува сестрата дека е посвоена. Или кога член на семејството засрамува друг член кога му вели дека е посвоен

Во САД се одбележува Националниот месец на посвојувањето. Јас сум малку опсесивно-компулсивен и имам тенденција да се опседнувам со зборови. Зборот „посвојување“ е нешто кон кое сум константно фиксиран бидејќи е голем дел од мојот живот. Мојата сопруга и јас го посвоивме нашето бебе уште од неговото раѓање, пред повеќе од 9 години. Ако сум искрен, додека ја донесовме одлуката за посвојување, зборот „посвојување“ со себе носеше и стигма. Но, зошто е така? Имаше нешто во сознанието дека моето дете нема да ја има мојата ДНК, а тоа го правеше целото искуство различно за мене.

А, ако сме сите искрени, сите се чувствуваме исто, зарем не?

Имам добар пријател, а тој и неговата сопруга се обидуваат да имаат бебе повеќе години. Седнавме на вечера заедно, а јас слушав што ми раскажуваше. Можев да се поврзам и знаев дека споделува со мене зашто знае дека ќе разберам. И веднаш знаев дека ќе ме праша за нашиот процес за посвојување. Па чекав на прашањето. Повеќе слушав отколку што зборував. На крајот од разговорот стана јасно дека посвојувањето е последната опција за нив. Двајцата беа фиксирани на идејата да имаат биолошко дете. И не ги обвинувам поради тоа. Среќен сум што можам да кажам дека неговата сопруга треба да се породи следната година. Но, морам да се прашам себеси, зошто беше толку приврзан за таа идеја да има биолошко дете ако посвојувањето била полесна опција за нив? Тоа е затоа што ние, како општество, некако сме одлучиле дека мораме да ги пренесеме своите гени. Мислиме дека ќе бидеме поблиски со нашето дете ако сме крвно поврзани.

Тука сум да ви кажам дека тоа не е вистина.

Мојот син е мој син. Тој ја нема мојата крв и фала му на Бога што ги нема моите гени, бидејќи не ми се баш добри семејните гени. Моето дете е мое и од мојата сопруга и тука нема дебата. Поминувате 2 минути со ова дете и знаете кои се неговите родители. Најдобриот дел е што не треба да го погледнете и да помислите „Фала му на Бога што ги нема моите лоши семејни гени“.

Ако сè уште читате – не сум ве убедил дека мојот посвоен син е мој како и биолошкото дете што би го имал. Го сфаќам тоа. А еве ја и причината. Се работи за едноставна причина – тоа е затоа што мораме да го квалификуваме зборот „дете“ со зборот „посвоен“. Па во текот на овој месец предлагам да го исфрлиме квалификуваниот збор. Изморен сум од него и едноставно не е потребен.

Што е важно дали мојот син е посвоен или е биолошки? Не е важно. Не велам дека нема потреба да се игнорира фактот дека моето дете е посвоено. Зборуваме за тоа цело време. Тој има прашања и ние се обидуваме да ги одговориме, но тоа не го дефинира него како личност. И не нè дефинира нас. Ние сме негови родители, тој е наш син. Точка. Да кажеме дека ние сме неговите посвоени родители и тој е нашиот посвоен син е непотребно. Повеќето од вас што го читаат ова имаат биолошки деца. Дали некогаш сте почувствувале потреба да им кажете на другите луѓе дека тоа се ваши биолошки деца. Не. Тоа е ваше дете.

Сè уште живееме во општество каде што во филмовите и во реалниот живот го прифаќаме фактот дека луѓе се шегуваат кога на пример братот ја убедува сестрата дека е посвоена. Или кога член на семејството засрамува друг член кога му вели дека е посвоен. Сметам дека сè додека се шегуваме на оваа тема и тие шеги се прифатени, дотогаш ќе ни треба овој месец посветен на посвојувањето, да нè потсетува дека семејствата често се создадени и на неконвенционален начин.

 

Автор: Џош Адлер

Извор



912

X